Лајка-Скопје, пријател на бездомните животни – Вдомете и подарете топол дом

Преземено од ФБ страната на  ЈП Лајка
Знаете ли колкаво е влијанието на милениците врз нашето психофизичко здравје? Редовното шетање или џогирање со вашето куче ви дава можност да вежбате и да одржувате здрав начин на живот. Истражувањата покажуваат дека сопствениците на кучиња имаат понизок крвен притисок, помалку стрес и унапредени механизми за соочување со стрес; помал ризик од обезност, дијабетес и срцеви заболувања.
Исто така, кучињата се одлични терапевти за емоционална поддршка. Поминувањето време со куче може да помогне да се намалат симптомите на депресија, осаменост и анксиозност. Милениците ви овозможуваат постојано и незаменливо друштво и неверојатно добро ги забележуваат емоционалните потреби на оние кои ги сакаат. Воедно комуникацијата и размената искуства со други лица кои имаат миленик отвара можности за вистински силни и долгорочни пријателства.
Истражувањата укажуваат на тоа дека милениците позитивно влијаат врз здравјето на телото и мозокот. Затоа уживајте во друштво на својот крзнен пријател, посетете го најблиското прифатилиште за животни и започнете свој поздрав начин на живот.
Вдомувањето спасува живот на друго битие, но го облагородува животот на оној кој вдомил. Вдомете миленик, вдомете куче!
Дел од оне кои чекаат нов топол дом а може да ги најдете во Лајка
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.