НВО Новинари за човекови права организира настан „Стопли детско срце“- донаторско кафе, кој ќе се одржи на 17 декември 2024 година (вторник), од 15:00 до 18:00 часот, во Startup Club Skopje.
Целта на овој настан е да се соберат новогодишни пакетчиња со слатки за децата кои живеат на улица и децата во ризик, преку поддршка од нашите партнери, поддржувачи и заедницата.
За време на настанот ќе бидат презентирани достигнувањата на НВО Новинари за човекови права во 2024 година, новиот проект „Зајакнување на иднината“, поддржан од Федералното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Австрија, како и значењето на аоработката со ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје, со чија помош ќе отворат дневен центар за деца и семејства воризик.