Се одржа Божиќниот концерт на Хрватскиот културен центар во Битола 

17.12.2024
Во Културно информативниот центар Битола, Македонско- хрватското друштво и Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ”, неодамна организираше Божиќен и предновогодишен концерт, кој ова хрватско друштво го организира секоја година на радост на љубителите на хрватската култура во Битола.
„ Ова е продолжување на традицијата МХД “Марко Марулиќ“, изјави Бранко Маретиќ, претседател на Хрватскиот културен
центар и додаде: „ Слободно можам да кажам дека сме богати затоа што имаме две држави- нашата татковина Хрватска и земјата во која живееме Македонија, нашата втора татковина“.
Неда Маретиќ во име на Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ” истакна дека е прекрасно чувството да се зборува за соработката на двете земји преку културата.
„Нашите пријатели од Хрватска ги нагостија членовите на КУД “Илинден“ од Битола на Меѓународниот фолклорен фестивал во
Јелса минатата година, а нашите “илинденци“ достојно ја претставија нашата богата македонска култура. Ова го напоменувам поради фактот дека Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ” не ја претставува само хрватската култура во Битола, туку и македонската во Хрватска, а ги поврзуваме уметниците, театрите, КУД-овите, но и институциите од двете земји. Заедно пееме хрватски и македонски песни, а тоа е најпрекрасното во нашето дружење“.
На програмата оваа година беа: Изложбата по повод 500- годишнина од првото печатење на „Јудита“ на таткото на хрватската книжевност, Марко Марулиќ, предавањето на гостинот од Сплит, Лука Марковиќ- Литературен круг Марулианум, „Марко Марулиќ и Европа“.
Во публиката како и на секоја манифестација имаше Хрвати кои живеат во Битола, но и битолчани кои ја почитуваат хрватските уметници и групи во Хрватска. Концертот беше во рамките на годишната програма на Хрватскиот центар за одбележување на 30 години постоење. Настанот се одржа со поддршка на: Општина Битола, Централна државна канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска како и КУД Илинден Битола.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.