Пишува М-р по комуникации Татјана Гогоска
Вештачка интелигенција е формулација која во последниве две години навидум срамежливо но многу присутна во секојдневната реторика на општественото живеење, посебно во медиумите кои се постојаните преносители на сите информации од изворот до јавноста.
Секогаш низ историјата во периоди на револуционерни промени или било какви општествени и геостратегиски промени, се појавува некој страв од револуционерен технолошки напредок кој во различни ери од постоењето различно бил нарекуван и претставувал мистификација.
Размислувачки машини и вештачки суштества се појавуваат уште во старогрчката митологија, како што се Талос од Крит, бронзениот робот од Хефес и Пигмалион и Галатеја. Суштества кои наводно ја имале човечката интелигенција постоеле во секоја од поголемите цивилизации: вдаховени слики биле обожувани во Египет и Грција, додека пак, хуманоидни автомати биле измислени од страна на Yan Shi, Херојот од Александрија и Ал-Џазари.
Широко распространето е и верувањето дека Jābir ibn Hayyān, Judah Loew и Paracelsus ги создале вештачките суштества. Од 19-иот и 20-иот век, вештачките суштества стануваат заедничка одлика на фикцијата, како што е Франкенштајн на Мери Шели ( Mary Shelley’s Frankenstein) или Универзалните роботи на Росум од Карел Чапек ( Karel Čapek’s R.U.R. -Rossum’s Universal Robots).
Pamela McCorduck објаснува дека сите тие всушност се доказ за постоење на еден древен нагон , кој таа го нарекува имитирање Господ . Приказните за овие суштества како и нивните судбини ги разработуваат истите надежи, стравови и етички прашања кои ги наметнува и ВИ (извор Википедија)
Aко хронолошки погледнеме ќе дојдеме до информации дека: механичкото или формалното резонирање го развиле филозофите и математичарите уште во античкиот период. Проучувањето на логиката директно довело до пронаоѓање на програмирачки дигитален електронски комјутер, како резултат на работата на математичарите Alan Turing и други. Turing-овата Теорија на пресметка, укажувала на тоа дека една машина, преку менување на симболите во едноставна варијанта, само 0 и 1 , истата може да ги симулира сите замислени активности по пат на математичка дедукција. Ова, во согласност со тековните откритија во неврологијата, теоријата на информација и кибернетиката, инспирира една мала група на истражувачи да отпочнат со сериозно размислување за изработка на вештачки мозок.
ВИ како истражувачка област била основана на конференција во кампусот во Дартмунт Колеџ во лето 1956. Присутните, вклуќувајѓи ги и John McCarthy, Marvin Minsky, Allen Newell и Herbert Simon,станале водачи во истражувачката областа на ВИ за многу наредни декади. Тие и нивните студенти напишале програми, кои за повеќето луѓе, биле вистинско чудо: компјутерите решавале теоретски проблеми во алгебра, докажувајќи логички теореми, зборувајќи на англиски јазик.
Основачите на ВИ биле вистински оптимисти за иднината на новоразвиената научна област: Herbert Simon предвидел дека машините во следните 20 години ќе бидат способни да ја извршат секоја работа за која е способен човекот додека пак, Marvin Minsky запишал дека со генерации …. проблемот на создавање на ‘вештачка интелигенција’ во целост ќе биде решен. Но, тие не успеале да ги предвидат тешкотиите на некои проблеми со кои се соочиле.
ВИ го достигнува нејзиниот најголем успех на самиот почеток на 21-ви век, , иако некако како зад сцената и она што е најважно ја користи во логиката. Успехот главно се должи на неколку фактори: зголемување на сметачката моќ на компјутерите, крирање на нови врски меѓу ВИ и други науки кои работат на слична проблематика, како и новата истрајност на истражувачите кон цврсти математички методи и строги пропишани стандарди.
Презентација на знаењето и инженерство на знаењето се суштински за ВИ истражувања. Многу од проблемите за кои се очекува да бидат решливи за машините, бараат екстензивни познавања на светот. Најопштите познавања – онтологии, прават обид да обезбедат основа за сите други знаења.
Меѓу најтешките проблеми при претставување на знаењето на ВИ е “Стандардното расудување и квалификацискиот проблем“. Кога ќе успее поединецот, да ги надмине границите на стандардното расудување и ќе го постави пристапот до Вештачката интелигенција во позитивен однос, тогаш ќе го надмине квалификацискиот проблем кој ограничува а тоа е во прва и крајна линија, страв од непознатото. А стравот од непознатото се јавува заради незнаењето.
Затоа е потребно описменување на сите вклучени во професионалниот работен процес, по однос на користењето на ВИ како алатка сојузник а не како „некој непостоечки противник“. Секако дека еден од основните предизвици е образување т.е. описменување на младите генерации, за можностите што ги нуди ВИ.
Очигледно е едно “Што побрзо ја осознаеме и прифатиме вештачката интелигенција, побрзо ќе фатиме чекор со иднината и ќе бидеме попродуктивни“.
Но, предизвикот останува!