Утревечер , 16 декември 2024 година, во 19 часот, во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово, ќе се одржи промоција на романот од проф. Мирко Зафировски.
Промотор- Љиљана Тричковиќ.
Рецензент- Ани Младеновска.
Музичка подршка- Јован Цветковиќ и Игор Величковски.
Читаат- Елизабета Павловска, Иле Наумов и Даница Петровска.
Во рамките на јавната покана, упатена до кумановци и сите љубители на пишаниот збор, неговата ќерка Елизабета Секирарска, напиша:
– Ќе речам вака: за некој месец, тато ќе наполни 90 години. За мене, секогаш бил и до денес останал репер за упорност, смиреност, здрава мисла, неоткажување, труд, волја и љубов.
Понеделник, 16 декември, 19 часот. Промоција на последниот, петти роман на татко ми. Посветен на мајка, која не го дочека неговото издавање. Повелете на споделување емоција, убав џез- звук и топло писание!
Романот е со посвета на неговата сопруга која не успеа да го дочека неговото издание Миланка Миловановиќ- Зафировска.