Утревечер, 14 декември 2024 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Македонската опера и балет, љубителите на класичната музика и операта ќе имаат уникатна можност да уживаат во изведбата на една од најголемите опери на сите времиња- „Пикова дама“ од П. И. Чајковски во изведба на солистите, хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна.
„Пикова дама“ е опера во три чина од големиот руски композитор П. И. Чајковски. Либретото се базира на истоимената новела од Александар Пушкин од 1834 година.
Билети:
Билетарница:078 426 536 ; 02 3118 451
Онлајн: https://t.ly/PikovaDama1412
Гостувањето е резултат на меѓународната соработка и размената во областа на културата и уметноста.
Фото: Държавна опера Варна / State Opera Varna
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.