Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со фондацијата Конрад Аденауер (КАС), предвидува одржување на тродневна работилница на тема „Вештачката интилигенција ВИ, во редакциите во Македонија: Потрагата по балансот помеѓу напредокот и иновациите наспроти безбедноста “.
Работилницата треба да придонесе кон подобрување на знаењата и вештините, за можностите и предизвиците кои ги носи современата технологија и користењето на ВИ (Вештачка интелигенција) апликациите, во секојдневното работење.
На обуката, ќе учествуваат 20 новинари, редовни членови на Здружението а ќе се одржи од 11 до 13 декември 2024 година во хотел Монтана во Крушево.
Агенда на настанот на следниот линк
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.