Денеска, 8. Декември (2024 година) се слави празникот на Свети Климент Охридски, и воедно е и духовен а од 2007 година и државен празник.
Свети Климент Охридски (старословенски: Климєнтъ Охрїдьскꙑи, латински: Clemens Achridensis, грчки: Κλήμης της Αχρίδας; о. 840— 27 јули 916 година во Охрид)- еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените.
Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.
Податоците на Википедија велат дека е роден околу 830- 840, Римска Империја.
Починал на 27 јули 916, Охрид, Прво Бугарско Царство (денес Македонија)
Почитуван во Православна црква, Источни католички цркви, Латинско христијанство
Главно светилиште Плаошник.
Слава: 27 јули и 25 ноември (по стариот календар, 7 декември по новиот).
Обележја глаголица, кирилица.
Заштитништво Охрид и Македонија.
Денес Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква. Во Бугарија е сметан за еден од седумте апостоли на Првото Бугарско Царство и еден од врвните светци на современата Бугарија.
Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (Соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така Бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот Универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.