Хитот за деца „Кариран нинџа 2“, синхронизиран на македонски, во кината

Премиерата на продолжението на најгледаниот дански филм за деца „Кариран нинџа 2“ од утре 5.12.2024 година пристигнува и во домашните киносали. Филмот во режија на Андерс Матесен и Торбјорн Кристоферсен ќе има премиера од 12 часот во Кинотека, од 18 часот во киното „Милениум“ во Скопје и од 19 часот во Домот на култура „Бранд Петрушев“- Богданци. Филмот се прикажува и во салите на „Киноверзум“ во Скопје, Велес и Штип, а од 7 декември ќе игра и во киното „Манаки“ во Битола.

Во „Кариран Нинџа 2″ повторно го следиме Алекс и неговата карирана нинџа кукла во нивната мисија против злобниот Филип Еперминт. Кога Еперминт ќе успее да ја избегне затворска казна во Тајланд, карираниот нинџа повторно оживува и го наоѓа Алекс. Заедно, со помош на семејството на Алекс, тие заминуваат за Тајланд за да го изведат злосторникот пред правдата. Алекс и неговата нинџа кукла ќе се впуштат во опасна мисија каде што нивното пријателство ќе биде ставено на сериозен тест.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.