Гаетано Доницети
ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР
-опера
11.12.2024 – 20.00 часот
На 11 декември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од големиот италијански композитор Гаетано Доницети.
Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е гостинот Дарио Салви (Шкотскa/Италија), режисер и сценограф е Лев Пулиезе (Италија), костимограф Марија Пупучевска, концерт- мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.
Во оперската претстава ќе настапи врвна домашна солистичка екипа, предводена од нашата првенка Ана Дурловски во насловната улога, која продолжува да остварува блескави успеси на европската и светска оперска сцена восхитувајќи ги критичарите и публиката со својата совршена техника и интонативна прецизност, Марјан Јованоски, Ѓорѓи Цуцковски, Никола Стојчески, Александар Стефаноски, Марика Поповиќ и Јане Дунимаглоски во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
„Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го напишал либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“. Операта премиерно е изведена на 26.09.1835 г. во Театро Сан Карло во Неапол. Дејството во оригиналното дело на Сер Волтер Скот се базира на вистинска случка во историјата на фамилијата Стер. Настанот се одвива во Ламермур, место во Шкотска во 1669 г. Либретото на операта ја содржи основата на приказната на Сер Скот но Салваторе Камарано во драматуршката разработка на дејството воведува и други личности кои во делото на Скот не постојат.
Диригент: Дарио Салви (Шкотска / Италија)
Режисер / Сценограф: Лев Пулиезе(Италија)
Костимограф: Марија Пупучевска
Светло дизајн: Васко Лисичов
Хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Асс.костимограф: Марта Трендафилова
Асс.режисер: Tрајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Асс.диригент: Катерина Стојковска
Концерт-мајстор: Jaне Бакевски
Корепетитори: Елена Сиљаноска,Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Горјан Стојановски
Инспициенти: Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлер: Невена Георгиева
Настапуваат:
Лучија: Ана Дурловски
Енрико: Марјан Јованоски
Едгардо: Ѓорѓи Цуцковски
Артуро: Никола Стојчески
Рајмондо: Алесандар Стефановски
Ализа: Марика Поповиќ
Нормано: Јане Дунимаглоски
Настапува хорот и оркестарот на Национална опера и балет
Билетарница: 078 426 536
Онлајн: https://online.operabalet.mk/index.php?id=415