Пишува Татјана Гогоска – Различни форми за заштита на децата и младите – основна и крајна цел

ТРИБИНА , “Заштита на децата и младите од насилството и порнографијата на телевизијата ‘

април 2000 , Клуб на Пратеници , Скопје

Различни форми за заштита на децата и младите – основна и крајна цел

Пишува  Татјана Гогоска -Уредник на Програмата за деца и млади на Македонската Телевизија  (2000)

Бев многу пријатно изненадена и задоволна, кога слушнав дека ќе се одржи вакво советување и сметам дека за овие 3-4 часа, веќе се кажаа многу аспекти на овој проблем, што се однесува до насилството на децата преку медиумите, најмногу преку Телевизијата, како најмоќен медиум.  Уште во почетното излагање на колегата Бабунски, беше потенциран документот на Обединети нации, Конвенцијата на правата на децата, а кој аргументирано сметам дека во сите негови сегменти, најмалку се почитува и најмалку му се обрнува внимание. Она што беше спомнато како дискусија, дали слободата на изразување всушност е ограничување на слободата на избор, сметам дека треба единствено да се сфати, како заштита на децата и младите, а не како ограничување на нивната слобода.

И сега прашањето на кое треба да размислуваме и да најдеме соодветен одговор и решенија е :Како да реагираме во наши услови и како да ја спроведеме таа заштита?

После инсертите што ги видов пред малку, една мисла само ми пролетта:најдобро е  децата што помалку или воопшто да не гледаат телевизија, затоа што за жал гледаат содржини , најмногу преку филмовите, што се поразувачки, полни со страв,омраза, полни со насилство а да не зборувам за она другото насилство, политичкото, презентирано преку информативните емисии кои се постојано на програмите во ударните термини.

Што би можеле да направиме, како мое видување?

Најнапред треба да размислиме како радиодифузерот, оној кој ја емитува програмата во своите програмски шеми , да ги елиминира можностите во оние термини кои се најгледани од децата, да не емитуваат вакви содржини. Беше спомнато, а тоа така треба да биде, да се почитуваат термините што им припаѓаат само на децата и младите, кои се всушност и најбројни гледачи во овој период. Такви податоци има во Центарот за детски телевизии во Брисел, чиј претставник на едно советување во Солун минатата година, ги нагласи сите потребни податоци, што треба секој кој емитува ваква програма да ги почитува. Јас не се запозната дека во нашава држава има вакви истражувања и дали некој почуствувал потреба таквите да ги направи, но според Европските стандарди најгледнаите термини се меѓу 9-12 часот и 17-19 часот. Токму затоа, некој треба да води сметка и во тие термини да се води контрола што оди на програма. Треба да се води сметка, кога концесионерот ги дава концесиите за емитување на програма. Кога сум веќе кај тие концесии, искрено не сум многу запозната, можеби и ќе погрешам, кои се условите за да се добијат, дали вести, сопствена програма, говорни емисии, но како што беше спомнато претходно, нема законски регулативи за емитување на другиот вид програма а најмалку за програмата за деца и млади. Затоа зачудува и ноншалантниот однос на радиодифузерите за овој многу важен проблем. Друг проблем е финансирање од страна на државата на програми за деца и млади. Секаде во Европа државата преку Министерството за култура, Совет за радиодифузија, Министерство за образование, финансира проекти и прогарми за деца, со што всушност се овозможува поголема продукција на програми за оваа популација од различни жанрови:играни, серии, забавни, музички, документарни и училишни, со што ќе се покријат барем приближно потребите за деца и млади.

Достапност на филмовите во кината -законска регулатива

Би се осврнала и на проблемите на кинематографијата, за она што зборуваше професорот Ѓурчинов, кој истакна добри примери од кината. Јас не знам зошто кај на сеуште е срамно, односно зошто не се спроведува како насекаде , филмови кои се емитуваа на некои телевизии или кина, да не смеат да ги гледаат деца и млади без лична карта, односно оние кои не се полнолетни. Зошто тој систем не се применува сеуште кај нас?  Тоа не е ограничување на слобода, туку заштита на младите. Првиот инсерт од филмот ме иницира да кажам можеби нешто што нема директна врска со ова, меѓутоа е актуелно и по медиумите доста се зборува за тоа, дека на малолетници им се точи алкохо насекаде во градов без проблеми. Едно повлекува друго, па трето и се така па и до оваа  печатена порнографија, која што е достапна за само 10 денари, а која треба да биде во скапи списанија, со што да дојде во рацете на малолетниците е помала.

На крајот, едно е сигурно дека возрасните треба да  спроведат една правна регулатива, во сите сегменти за понатаму нашите деца да не бидат само додавка на возрасните. Всушност се што  сеправи во нашава држава се прави за возрасните а децата се само додавка и се употребуваат или злоупотребуваат во дадени моменти, кога “некој возрасен“ сака да добие некои општествени или политички поени.

Дека нависитна треба да се води сметка и да се воведе правна регулатива која ќе сеп очитува, а за оние кои не ја почитуваат ќе има казни е крајно време, во интерес на сите нас со едиснтвена цел- заштита на децата од секаков вид насилство преку медиумите воопшто.

П.С. Нешто некажана а важно!

За жал веќе сме  во предизборна сезона, кога децата повторно ќе бидат обесправени, така што нема два месеци да видат ниедна своја содржина, освен инцидентно, ако се откаже некој изборен-предизборен митинг. Тоа е јасно дека станува збор за политичко насилство.

Дека малкумина се грижат за децата и младите: Најдобрите фирми ги спонзорираат увезените пејачи, Данијела, Грашо…..а не дај боже да побарате спонзосртво за манифестација за деца – бидете сигурни нема ништо да добиете .

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.