Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност – Скопје во Македонска Филхармонија

6.12.2024 година  

20:00 часот 

 Македонска Филхармонија

 

Факултетот за музичка уметност- Скопје го најави својот  годишниот концерт, насловен „БЛЕСОК“, по повод Денот на основањето на Факултетот, 6 Декември, на кој оваа година слави 58 години постоење.

Alma mater на најголемите имиња од музичката и балетска сцена во државата, регионот, па и светот, Факултетот за музичка уметност- Скопје е врутокот од кој произлегуваат речиси сите кадри кои се дел од колективите на најголемите музички и музичко- сценски институции и неизоставен дел од образовниот процес на сите нивоа.

Ќе има настап на нивниот Симфониски оркестар, трет во државата, мешаниот хор „Драган Шуплевски“, камерниот оркестар. „Солисти на ФМУ“, Оркестарот на народни инструменти и проф. Драган Даутовски, студентите од Катедрата за балетска педагогија и Катедрата за џез и популарна музика, ансамблот перкусионисти под диригентските палки на проф. Цанев, проф. Татарчевски и доц. Спироски.

-Ветуваме незаборавна вечер, ќе ни биде задоволство да бидете наши гости на 6.12.2024г. со почеток од 20:00 часот во Македонската Филхармонија, покануваат од ФМУ.

Влезот е слободен, резервации до 4.12.2024г. на: [email protected]

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.