На 20.12.2024 во 18 часот Скопјани ќе може да ја проследат премиерна изведба на монодрамата “Љуба” од македонската авторка Ката Мисиркова- Руменова.
Изведбата е медиумски покриена од Домот на културата “Димитар Влахов”, Автокоманда, Скопје, каде и ќе се одигра оваа монодрама. Влезот е бесплатен.
Лилјана Стоилковска е харизматична примадона на македонското радио водителство во пензија, позната спикерка, рецитаторка, актерка, муџичка интерпретаторка, поетеса, писателка, член на Друштво на писатели на Македонија, организаторка, културен амбасадор на Македонија во Шведска…
Наградена е и со Орден за заслуги за Македонија, повелба доделена од поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со награда “Иселеничката грамота од Матицата на иселениците на Македонија”, награда “Стојан Христов” од Агенцијата за иселеништво и учеството на СВП на манифестацијата “Мостови”, и многу други награди.