25.11.2024, Скопје
“Фантастично и гламурозно”, со овие зборови директорот на Националниот Џез Оркестар, м-р Гоце Стевковски го опишува претстојниот концертот “Golden Rock Swings”.
Оркестарот ја поканува публиката на незаборавна вечер на уникатно музичко доживување кое ќе ги спои најдобрите рок хитови со магијата на џезот!
На 30-ти ноември, во 20:00 часот, во салата на Македонската филхармонија
Како што најавија денеска на прес конференција, Оркестарот на “Golden Rock Swings”концертот ќе ги претстави легендарните рок песни во сосема ново светло, преку виртуозни џез аранжмани. Оваа вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која ќе остави без здив.
Ексклузивни гости на концертот ќе бидат
Бранислав Николов од “Фолтин”, попознат како “Пијан славеј”, фантастичниот џез вокал Џон Илија Апелгрин и неверојатната Светлана Јовановска, кои ќе изведат по четири песни од Пол Енка.
Со звуците на “Golden Rock Swings” дозволете музиката да ве понесе на едно незаборавно патување, најавуваат џезерите.
Поточно, ќе бидат изведени композиции од албумот на Пол Енка „Rock Swings“, и тоа во многу виртуозни, модерни и совршени аранжмани, како што со полн ентузијазам најавија на денешната прес конференција.
На концертот диригентската палка ќе ја има маестро Џијан Емин.
Директорот на Националниот џез оркестар, Гоце Стевковски повреди дека подготвуваат гламурозен концерт, кој ќе ги спои рок хитовите со магијата на џезот.
Билетите се веќе во продажба! Може да ги набавите на следниот линк и на продажните места на MKТикетс. https://mktickets.mk/event/golden-rock-swings/
Пратете податоци во порака на ФБ за 50% попуст за студенти и пензионери.
Фото Маја Аргакијева