Седмата албумска објава на Крсте Роџевски има дванаесет нови песни. Во отскриена, сува, наивна форма. Најубавата. Снимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк.
„Крстена вода“ е издание на чикашката етикета Port Of Entry 3901, објавено како винил и во дигитален формат:
https://kristorodzevski.bandcamp.com/album/krstena-voda
Сите текстови и композиции се дело на Крсте Роџевски, како и сите вокали и инструменти: акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки…
Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio.
Дизајнот на обвивката го направија Иванчо Талевски и Matt Neff.
Продуцент на албумот е самиот Роџевски.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.