Здружение Хуманитарно Културен ФЕНИКС на 22 ноември 2024 година организираше изложба “Во пресрет на Рускиот цар, Романови – царско служење” во Домот на културата Ѓорче Петров.
На изложбата присуствуваа:
-Заменик амбасадор во Амбасадата на Руската федерација во Македонија – Владимир Дjаков
-Аташе за култура во Амбасадата на Руската федерација во Македонија – Светлана Иванова
-Почесен Конзул на Монголија во Македонија – Ли Јамданг Јанчивин
-Претседател на Светски Македонски Конгрес – Тодор Петров
-Претседател на здружението Збор на лавот Миле Димовски
-Претседател на здружението Македонската преродба, поранешен претседател на здружението на архитекти и надворешен соработник на МАНУ – Вангел Божиновски,
-Претседател на здружението на писатели на Куманово – Елизабета Павловска
-Претседател на здружението на Просветни работници на Град Скопје- Катерина Сирма Митковска
-Претседател на Европски институт за Менаџмент, право и дипломатија Проф. д-р – Зенделабедин Шехи
-Претседател на независниот синдикат на здравствени работници работници – Гоце Делчев
-Советник на ИПИ- Седат Аметовски
-Глобален амбасадор на Комонвелт, Меѓународен амбасадор на IAIC Махмоуд Елколали,
-Претседателка на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов симдром Трисомија 21- Јамболка Димитрова,
-Претседателката на НВО Доза среќа- Сузана Стојановска
-Председател на здружението Романо Ило- Бранко Петровски
-Претседател на здружението Хуманост 2021 Подај рака- Дејан Петанчевски
-Претставник на Италијанско- Македонската стопанска комора во Македонија, м-р Роза Радевска
На присутните им се обрати Претседателката на Здружението ФЕНИКС м-р Билјана Челик која посакувајќи им добредојде на присутните се заблагодари на Бога, Сретенскиот манастир од Москва, на Јеромонахот Игнатиј Шестаков и на Наталија Дементиева Смелова дипломирана катехист, мисионер и педагог во Руската православна црква, укажувајќи дека не треба насилно да се изгасне свеќата на верата која сè уште гори во спомен на семејството Романови. Таа во своето обраќање истакна дека се спремни за продлабочување на културна соработка помеѓу двата братски словенски и православни народа – Рускиот и Македонскиот.
Свое обраќање имаа Претседателот на Надзорен одбор на здружението Професор д-р Светозар Филипов членот на здружението Вангел Божиновски и Претседателката на Здружението на писатели на Куманово.
На присутните се обрати и Отец Драган Димишков од МПЦ – Охридска архиепископија.
Изложбата беше од хуманитарен карактер, присутните донираа парични средства со кои ќе се купи храна која ќе се донира во народната кујната при црквата Св. Петар и Павле во која секојдневно се подготвува храна за сиромашните.
На изложбата беше прикажано видео обраќање на Јеромонахот Игнатиј Шестаков од Сретенски Манастир -Москва од каде се испратени фотографиите за изложбата.
Во културно уметничкиот дел се прикажаа рецитации на:
-Црногорскиот писател Миодраг Миња Милачиќ – Сонетен венец “Архангел Михаил”
– Анастасија Дементиева – Смелова, наставник на специјализирана класа на Московскиот државен универзитет и секретар на студентскиот ученички совет на Московскиот државен универзитет “Ломоносов”
-Нектарија Илиевска
Во музичкиот дел настапија:
1) Руското КУД Ансамбл “Славjaнка” со Уметничкиот раководител Олга Деспотовик со
-Уральская рябинушка
-Ты Россиюшка моя
-Я лечу над Россией
2) Руската балерина при МОБ Ивона Зонзировска
3) Пејачката група на Здружението на воени пензионери на град Скопје со песните:
-Сардисале Лешочкиот Манастир и
-Оро се води покрај Манастира
4) Јулија Мациевска со Очи чорние и Подмосковние вечера која беше и водител на манифестацијата.