Нова изложба “Танц, отпор, (не)делување – Аспекти на танцот како културно, политичко и уметничко делување за време и по Југославија”

среда, 20 ноември 2024 година

19:00 часот

МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ, ЗАГРЕБ

 

Танц, отпор, (не)делување – Аспекти на танцот како културно, политичко и уметничко делување за време и по Југославија

Отворањето на изложбата која е заедничко истражување и програма курирана од мрежата Номад Танц Академија, е во соработка со Музејот на современа уметност во Загреб.

Оваа изложба претставува долгорочно истражување за развој на дигиталната архива на современиот танц и изведувачките уметности во постјугословенскиот регион. Содржи документи, фотографии, видео документација, каталози и книги, како и мапирани релации на танцови уметници, мислители и структури кои зборуваат за танцовите архиви „како пресек на мноштво простори, меморија, работни материјали, тело на знаење, историја, присуство, иднина, пријател(и/)ства, политики, политика, отпор, истрајност, љубов, непријатели, тишина, протести, дисонанции, социјалитети, здружување и уште многу тоа повеќе што танцот го одржува, издржува, создава како имагинација и перспектива“.

Изложбата е курирана од Биљана Тануровска-Ќулавковски и Рок Вевар, во ко-кураторство и заедничко истражување со Славчо Димитров, Милица Ивиќ, Теа Кантоци, Игор Коруга, Ива Нерина Сибила, Биљана Тануровска-Ќулавковски, Рок Вевар, Јасмина Заложник. Кураторска поддршка: Јасна Јакшиќ, МСУ.

Уметници и колективи: Далија Ачин Теландер, Драгана Алфиревиќ, Нела Антоновиќ, БедКо., Сандра Баниќ Наумовски, селма баниќ, Матјаж Бергер, Бетонтанц, Битеф Танц, ДДТ Танц, Душан Брочиќ, Милана Брош / КАСП, Драгана Булут, Валентина Чабро, Борис Чакширан, Дарио Барето Дамас, Катја Делак, Маја Делак, Горан Девиде / Боргезија, Ана Дубљевиќ, Чарни Џериќ, ЕН-КНАП, Федерација, Феминалз, Матија Ферлин, Форум за нов танц, Синиша Ефтимов, Александар Георгиев, Театар Пекарна, Театар Пупилија Феркеверк, Игор Грубиќ, Викторија Илиоска, Театар Истер, Мирјана Драгана Јанечек, Филип Јовановски, Јелена Јовиќ, Јасна Кнез, Минка Веселиќ Колоша, Жива Крајгер, Ана Крајтмејер, Сања Крсмановиќ-Тасиќ, Ивана Коцевска, Бара Коланц и Атеј Тута, Кореодрама, Игор Коруга, Марко Кошник и Институт Егон Марч, Изток Ковач и Сашо Подгоршек, Марјана Крајач, Ема Куглер, Ана Малетиќ / Студио современ танц, Мага Магазиновиќ, Дубравка Малетиќ, Вера Малетиќ, Смиљана Мандукиќ, Барбара Матијевиќ, Нина Мешко и Тања Лажетиќ, Марко Милиќ, Бојана Младеновиќ, Монтажстрој, Матјаж Мрак и Урша Рупник, Душан Муриќ, НЕУТ, Ирма Омерзо, Татјана Пајовиќ, Марта Паулин Брина, Марко Пељхан и Проект Атол, Танцов Театар Љубљана, ПМЏ Колектив, Марта Попивода, Практикабл, Соња Преград, Јована Ракиќ, Теја Реба, Ребис, Владо Репник и Театар ВР, Жељка Санчанин, Мира Сањина, Ива Нерина Сибила, Сигнум, Скопје танцов театар, Жорж Скригин, Исидора Станишиќ, Катарина Стојков Слијепчевиќ, Јелена Шантиќ, Катја Шимуниќ, Игор Штромајер и Бојана Кунст, Искра Шукарова, Љиљана Тасиќ, Анџелија Тодоровиќ, Трафик, Слободан Унковски, Зринка Ужбинец, Соња Вукичевиќ, Љиљана Загорац, Алекс Заин, Драган Живадинов, Марко Млачник и Вадим Фишкин, Наташа Живковиќ.

Во рамките на изложбата ќе биде претставена (Не)врзаната танцова архива – НАДА, прва дигитална архива за танц и изведувачки уметности во постјугословенскиот регион, отворена и достапна за истражувачи, уметници и писатели на www.nada.nomaddanceacademy.si

Изложбата е придружена со книгата „Танцови тела: Аспекти на танцот како културно, политичко и уметничко делување за време и по Југославија“, чии уреднички се Јасмина Заложник и Ника Архар. Преку својата историско-теоретска позиција, таа ги артикулира политичките, културните и уметничките рамки во кои танцовите практики во Словенија, Хрватска, Србија и Северна Македонија се појавија во изминатите 100 години.

Овој настан е последната фаза од долгорочниот проект „(Не)врзани движења“, спроведен од партнерите на Номад Танц Академија: Станица Сервис за современ танц, Локомотива, Номад Танц Академија Словенија, Номад Танц Академија Хрватска, Објект на танцот и Танцфабрик Берлин.

Организаторот упатува огромна благодарност до сите уметници, колективи, организации и колеги од целиот простор на поранешна Југославија кои несебично го споделија својот скапоцен архивски материјал!

Благодарност до сите што го поддржаа овој проект: Програмата Креативна Европа на Европската Унија, Министерството за култура на Северна Македонија, Министерството за култура на Република Словенија, Град Љубљана, Министерството за јавна администрација на Република Словенија, Град Скопје, Гете-институт, Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), „Култура за демократија“ и фондот Хартефакт, Град Загреб и Министерството за култура на Република Хрватска.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.