Колумна – На годинешнава Детска Евровизија победи Детската Евровизија -Детска а светска

 Пишува  М-р Татјана Гогоска  

Ретко ме поттикнува нешто убаво речиси и беспрекорно нешто да напишам. Овој пат тоа е годинешново издание на Јуниорскиот Евросонг 2024 година, накратко Детската Евровизија. Се одржа по 20-ти пат во Мадрид во организација на Шпанската радио телевизија (RTVE), која покажа како се работи со и за деца и млади.

Она што ме радува е што по скоро и деценија, откако Детската Евровизија ги загуби своите почетни постулати и начела и барајќи некој совршен модел како што ЕБУ знае тоа да го прави, се отиде во спротивен правец од првобитната замисла. Но, во саботата на 16 ноември , сите што се фанови на оваа манифестација низ Европа навистина уживаа во одлично шоу со деца и млади во секоја смисла. Прекрасна сценографија, детска а светска, прекрасен амбиент и најважно прекрасна музика со одлични вокали од целата Европа. Овој пат песните беа нависитна песни за деца и млади, и музички и содржински а децата со стајлинг, онака како што треба да бидат. Организаторот се потрудил во видео презентациите да направи и содржински и визуелен колаж, кој навистина е за почит  на професионалците од RTVE -Мадрид.

За победникот со волшебен вокал Андрија Путкараџе од Грузија и неговата одлична песна To My Mom. Ова е четврта победа на Грузија на Детската Евровизија и е повеќе од очигледно дека со талентираните деца  во оваа држава, солидно се работи и се вложува во нив.

 

Македонија ја претставуваа, Ана Ванчевска  и Алексеј Ивановски  со песната “Маратон”, прекрасни вокали од Битола  ученици во ОУ “Даме Груев“ во Битола.
Песната „Маратон “ ја испеаја под реден број седум. Композитор е Лазар Цветковски, а текстот е на неговата сестра Магдалена Цветковска. Децата ја имаа заслужена поддршка најмногу во нивниот роден град  Битола, каде имаше организирано заедничко следење во живо на „ Детска Евровизија 2024 “. Завршија на 16-то место од вкупно 17 земји учеснички. Не е прв пат очекувањата да ни се големи а резултатите мали. Ако се вратиме на сите 20 учесници ќе видиме дека најмногу пати сме биле на 12-то место, два пати на петто, со тоа што во 2007 ма година во Ротердам, имавме најдобар пласман досега. Со вкупно освоени 132 бода, 3 12-ки,  долго додека траеше гласањето, бевме на второ место. Сепак да си во топ 5 на Детската Евровизија е голем успех. А успехот доаѓа  кога професионални возрасни, кои ќе знаат во тие неколку месеци како да ги подготват децата и треба многу работа и само работа. Овој пат со малата трема на Ана и Алексеј, која звучеше и симптично, нивниот сигурен настап, со кој покажаа дека ја освоиле сцената  на која беа за жал сами, несоодветниот стајлинг на момчето, кој  беше очигледно дека му пречеше и  пропуштениот многу важен дел, лобирање за гласање, се најдоа на претпоследното место. Но, кога во Букурешт бевме последни, нашиот ветар во грб на учесничката беше, дека токму тоа ќе и биде мотив за повеќе работа што сигурно ќе доведат до поголеми резлтати, што се потврди како точно. Затоа Ана и Алексеј продолжета со таа енергија и љубов.

 

И за крај за да нема забуни : Јас бев иницијатор за децата од Македонија бидат дел од ова Европско шоу во 2002 година и откао не примија, бев во ЕБУ-Женева и сум потписник на нашето учество на Junior Eurovision Song Contest. Во едно интервју додека бевме во Женева, ме прашаа: “Зошто сум ја пријавила МРТ?, ако се земе предвид дека бевме само 10 години одвоени од системот на ЈРТ, јас одговорив :Затоа што децата и младите на Македонија, тоа го заслужуваат. И сега го мислам истото. На децата им треба ветар во грб и стабилна професионална поддршка за да бидат на врвот на Детската Евровизија кој го заслужуваат. Бев во Букурешт, како гостин, и Шеф на Делегација на првата Детска Евровизија во Копенхаген и на онаа најуспешната во Ротердам 2007-ма. На децата им се вратите отворени, останува поодговорен однос на возрасните за да бидат на врвот со најуспешните.

Едно останува како товар на децата за жал, тогаш настапуваа како FYROM сега како Северна? А децата секогаш се претставуваат од Македонија.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.