Грузија победи на Детска Евровизија 2024, Македонија 16-та!

Андрија Путкараџе од Грузија победи на Детската Евровизија 2024 со песната To My Mom, одржана во Мадрид.

 Андрија е родена во прекрасниот црноморски град Батуми, Грузија. Почнал да пее на двегодишна возраст, а подоцна станал член на групата вокален ансамбл „Деца на морето“ пред да студира пијано во Музичкото училиште Закарија Палиашвили. Веќе успешен музичар, неговото најголемо достигнување пред да стане евровизиски шампион победи на ТВ-натпреварот за таленти за ТВ РАНИНА на радиодифузерот GPB. Кога не е зафатен со настапи, Андрија игра PlayStation со своите пријатели.
Ова е четврта победа на Грузија на овој музички фестивал. Победија и во 2008, 2011 и 2016 година. На второ место се најде Португалија, а на трето Украина.
Инаку, Шпанија, беше земја- домаќин на 22. издание на детската Евровизија, и приреди вистинска забава на сцена.
Претставниците кои МРТВ ги испрати на натпреварот, Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13) со песната “Маратон”, завршија на 16. од вкупно 17 песни. Тие се ученици во ОУ “Даме Груев“ во Битола.
Беа избрани на интерна аудиција во МТВ. Песната „Маратон “ ја испеаја под реден број 7. Композитор е Лазар Цветковски, а текстот е на неговата сестра Магдалена Цветковска. На повеќе локации снимен беше и спот во продукција на МРТ.
На 16 ноември 2024 година, кога и се одржа изборот, на платото на Офицерски дом во нивниот роден град  Битола во знак на поддршка имаше организирано следење во живо на „ Детска Евровизија 2024 “.
Валентина Ѓоргиевска Парго уредничка во КулАрт 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.