“Меморија” најави спектакл вечерва за својот јубилеј од 40 години

Концерт со повод: “Меморија- 40 години постоење”. Како со временска машина настапот на “Меморија” ќе ве врати во едни поубави и безгрижни времиња. Концертот кој ќе се одржи на 16.11.2024 во Арената Борис Трајковски,  ветува убава енергија, уникатна сценографија проследена со врвна сценска техника.
Вратите се отвораат во 19.30 часот, ќе има многу изненадувања, гости од македонската естрада и неповторлива забава со македонски хитови за сите генерации.
„Меморија“ најави аудиовизуелен концертен спектакл, гости ќе бидат Андријана Јаневска, Ружица Брчиоска и „Ареа“, Дани Димитровска, Сара Мејс, Александра Илиева, Тијанче  Илова, Бранко Ѓоргиев, Филип Николоски од Прилеп, младо момче кое се движи со помош на количка, но ја сака музиката и пее, а нему му е посветена и новата песната на “Меморија”- “За добро да е“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.