Деветтото издание на фестивалот „Денови на балканската етно ризница“ ќе се одржи на 18 ноември 2024 година во Домот на Занаетчиите ви Куманово, со концерт насловен „Цане со пријателите“.
Познатиот автор и инструменталист од сскопје, маестро Цане Петров, ќе настапи со инструментална музика на стари народни песни, која целосно ја потпишува како аранжер.
Здружение, „Етно ризница“ е организатор и најавува интересна вечер со настап на музички гости, но како најинтересна точка, особено за кумановската публика, ја најавува изведбата на „Бабино девојче“ во оригинална верзија, со популарниот кумановски боем Нино Величковски.
„Бабино девојче“ ќе биде изведена во онаа верзија во која се пеела во Бајловце, Козјачијата, овој пат во оригинален аранжман на Цане Петров.
Како гостинка ќе се појави и фолк пејачката Катерина Брезева од „Соната“, но и инструменталистката Бајса Арифовска.
Инаку, „Денови на балканската етно ризница“ всушност е замислен како финален чин во промоција на активностите на Здружението од претходната година.
Овој концерт е дел од чествувањето по повод Ноемвриските денови на градот.
„Куманово оваа година прославува 80 години слободно Куманово и 505 години од самото постоење, а ние како Здружение учествуваме во прославата на наш начин, па ни останува честа да ги поканиме сите кумановци кои што ја милуваат македонската народна музика на дружење и уживање во инструментални изведби на Цане Петров на 18 ноември од 19 часот во салата на Занаетчискиот дом во Куманово. Влез слободен, вели првиот човек на “Етно ризница”, Драган Јаким.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.