Авторски концерт на Владимир Николов и Националниот Џез Оркестар во Велес

На 23-ти ноември 2024 година во 20:00 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес ќе се одржи авторски концерт на македонскиот композитор и диригент Владимир Николов. На концертот ќе бидат изведени одбрани композиции од неговиот богат творечки опус, меѓу нив и неколку светски и македонски премиери. Ова е воедно и првнегов целовечерен авторски концерт со овој оркестар.
Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на изразни
средства и жанри, користејќи ги искуствата во класичната музика и џезот како точка на
поаѓање. Веќе подолго време е “зад сцената” во улога на аранжер во светски оркестарски
проекти, но често настапува и како диригент со реномирани солисти и ансамбли.
Како редовен аранжер на еден од најдобрите ревиски оркестри во светот – Метропол
Оркест, соработувал со врвни имиња како Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Џулс
Бакли и Џејкоб Колиер. Како автор и бенд лидер има издадено три студиски албума со
ансамблот Николов-Ивановиќ Ундектет. Угледниот магазин JazzTimes овој ансамбл го
оценува како „извонреден, еден од моментално најкреативните големи џез ансамбли во
Европа”, а Downbeat музиката на овој ансамбл ја оценува како „ритмички сложенa,
хармонски евокативнa, беспрекорно аранжиранa”.
Овие квалитети прострујуваат и во неговата музика за Биг Бенд оркестар која соединува
различни стилови во еден органски сублимат. За своите композиции и аранжмани за Биг
Бенд е добитник на бројни награди и признанија. Авторскиот концерт насловен „Crossover Stories” вклучува композиции од различни периоди во минатите 22 години авторска дејност.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.