Францускиот институт во Скопје и фестивалот Млад отворен театар – МОТ покануваат на несекојдневна интерактивна претстава, наменета за широка публика, в сабота 16.11.2024, со почеток во 19 ч. во сала „25 Мај“ – МКЦ.
« Screenagers vol.2 », дело на француско-хрватската кореографка Барбара Матијевиќ и на Џузепе Чико, претставува перформанс во иновативен формат во кој шармантната презентерка и актерка Барбара нè носи на лирско патување низ имагинарниот онлајн свет.
Спој на мјузикл, предавање, концерт и видео-џокеј, којшто се фокусира на начинот на кој долгото седење пред екраните влијае врз колективната свест.
Во претставата, за сите возрасти (со акцент на тинејџерската публика), се прикажани начините на кои интернетот остава трага на човековиот животот: феноменот на интернет заедниците, е-учењето, музичката разновидност, видео игрите, општата култура итн.
Претставата е во рамките на фестивалот „МОТ“ и билетите за истата се достапни на нивната веб-страница : www.mot.mk
Овој настап се вбројува во редот на настани по повод прославата за 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.