Почнуваат „Есенски музички свечености 2024″

25. „Есенски музички свечености”

15.11.2024 (петок)

сала ФМУ Скопје, 20:00 часот

Гоце Коларовски

(1959 – 2006) кон 65 години од раѓањето

Сонатна вечер

 

19.11.2024 (вторник)

Македонска Филхармонија- Камерна сала, Скопје

20:00 часот

Балкански џез средби- Биг бенд

 

1. Birdland- Josef Zawinul

2. A Foggy Day- George & Ira Gershwin

3. Almost Like Being in Love- Alan Jay Lerner

Солист: Моника Велчева

4. Orange colored sky- Milton Delugg/Willie Stein

Солист: Моника Велчева

5. Blue Skies- Irving Berlin

Солист: Моника Велчева

6. I’ve Got You Under the Skin- Cole Porter

Солист: Николај Чернев

7. Nice ‘n’ Easy- Lew Spence

Солист: Николај Чернев

8. New York- John Kander / Fred Ebb, Liza Minnelli

Солист: Николај Чернев

9. Inner Nova- Гордан Спасовски

10. Big Swing Face – Bill Potts

Солисти:

Иван Иванов- саксофон, Кирил Туфекчијски- бас, Трајче Велков- труба,

Виктор Филиповски- тапани, Гордан Спасовски- пијано

11. Nutville- Horace Silver

Солисти:

Иван Иванов- саксофон, Кирил Туфекчијски – бас, Трајче Велков- труба,

Виктор Филиповски- тапани, Гордан Спасовски – пијано

12. Blue Мoоn- Lorenz Hard & Richards Rogers

Солист: Алксандрос Красидис- тенор саксофон

13. Corner Pocket – Freddie Green

Солисти:

Иван Иванов- саксофон, Кирил Туфекчијски- бас, Трајче Велков- труба,

Виктор Филиповски- тапани, Гордан Спасовски- пијано

14. Hip hopa tropa- Христо Јоцов

Солисти:

Иван Иванов- саксофон, Кирил Туфекчијски – бас, Трајче Велков- труба,

Ивајло Манев- тапани, Гордан Спасовски – пијано

15. Brasil – Ari Baroso

 

ПРОГРАМА Биг Бендот на катедрата за „Поп и Џез уметност“ при Вокалниот факултет на Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ е оркестар кој останува вечно млад по дух и енергија.

Со смелост, љубопитност и силна енергија, музичарите- студенти на најстарата високообразовна институција во Бугарија, нурнуваат во длабоките води на биг-бенд жанрот, најбогатата форма на џезот.

Преку различни формации низ годините, Биг Бендот под водство на доц. д-р Михаил Јосифов (трубач и композитор ), има остварено

бројни настапи, меѓу кои се концертите за отворањето на фестивалот „A to JazZ“ во 2017 и 2019 година, како и концерт во рамките на

шестото издание на „Music Elevator“ во 2021 година- иницијатива создадена за поддршка на современата бугарска музичка сцена.

Со своите богати и иновативни програми наменети за вистинските љубители на музиката, Биг Бендот учествуваше во прославата на 100- годишнината од основањето на Националната музичка академија (2021). Од особено значење е тоа што раководството на Националниот дворец на културата ги поканува џез- музичарите да настапат на Новогодишниот музички фестивал, при што ги исполнуваат салите на еден од најпрестижните музички форуми во земјата.

Во 2022 година, Биг Бендот настапува во НДК („Let It Snow“), заедно со Студентскиот камерен оркестар под диригенство на Рајчо Христов, Во 2023 година на концертот на Биг Бендот специјални гости беа Хилда Казасјан, Христо Јоцов и Иван Стојанов.

По повод овој концерт (17 декември 2023 година), проф. д-р Момчил Георгиев објави прекрасна критика на порталот „Култура“ со наслов „Џез иднината денес“: „Смислено, инспиративно, репертоарно брилијантно и маестрално изведено… Големо признание заслужува и фактот што двигателот на успехот на овој висококвалитетен, над студентското ниво Биг бенд, е посветеноста и талентот на неговиот диригент- Михаил Јосифов, познат не само по своите музички квалитети, туку и како омилен педагог и организатор“.

Во својот репертоар, Биг Бендот покрај светски познатите џез- стандарди вклучува виртуозни и блескави композиции од имиња како Џо Завинул и Бади Рич, но и дела од бугарските поп и џез класици: Милчо Левиев, Бенцион Елиезер, Јанко Миладинов, Јосиф Цанков, Ангел Заберски, Вили Казасјан, Светозар Русинов и Христо Јоцов.

21.11.2024 (четврток)

Музеј на македонската борба

20:00 часот

Балканско патување

Пламенка Трајковска- гудачки квартет

Аранжмани за гудачки квартет од Пламенка Трајковска

 

Илјадници години Балканот претставувал крстопат кој креирал мозаик на култури, јазици и религии. Тука живееле Илири, Тракијци, Дакијци, регионот бил под влијанија на Римското царство, на Византија и на Отоманското царство. Низ регионот струелe влијанијата на христијанството, исламот, јудаизмот. Мигрирале народи и Балканот бил сведок на многу војни и преселби. Сето ова претставува тестамент, на богата и комплексна историја каде различни култури, народи и вери, ко егзистирале и влијаеле едни на други.

Преку Балканска музика можат да се почувствуваат историјата, културата, вредностите, влијанијата, емоциите и социјалните аспекти на Балканот. Балканската музика е поле, кое ги собирало и ги пренесувало сите историски факти преку ритам, мелодија, хармонија и текст.

Концертот „Балканско патување“ е музичко истражување кои се нурнува во балканската суштина и ги осветлува сите бои на разликите и сличностите на балканскиот музички ген.

Концертот ги потенцира одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на целиот регион и за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични.

Преку музичкото истражување, утврдивме мелодиски линии и ритам заеднички за повеќе земји од Балканот испеани на различен јазик. Овие заеднички елементи ги земавме како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет.

Фактот дека концертот „Балканско патување“ е инструментален и го игнорира текстуалниот дел ни отвори широко поле на создавање на нови композиции и интерпретација на балканското музичкото ткиво.

Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет – виолина, виола и виолончело, заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики со гудачки квартет и балканска музика кои имаат само еден наслов- балканска композиција.

На ваков начин создаваме покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во светската музичка ризница наречена Балканска музика и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи.

ПРОГРАМА:

1. Јовано, Јованке

2. Milo mou kokkino

3. Лилјано моме

4. Kur ti shoh dy syte e shkruar

5. Си заљубив едно моме- Zute dunje

6. Djelem Djelem – Ederlezi

7. Los Bilbilikos- La Rosa en Florence

8. Milica jedna u majke

9. Misirlou

10. Билјана платно белеше

11. Ајшино оро- O moj bukuroshe

12. Izgrajala e mesechinka – На сред село тапан чука- Tou Margoudi kin Alexandris

13. Nishka banja

14. Ој девојче – Uskudar gider iken- Anadolka- Ruse kose curo imas- Mu ne bahcen tende

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.