Ретроспективна изложба на Драган Кузманоски во Македонски брод 

11.11.2024

Во Домот на културата во Македонски Брод во тек е Ретроспективна изложба на слики „20 години творештво“ на Драган Кузманоски.

Драган Кузманоски роден е 1956 година во село Латово, општина Македонски Брод, а живее во Скопје. Основно и средно образование завршува во Кичево, а студира сообраќај на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола.

Со сликарство се занимава две децении и во своето 20 годишно творештво има изработено повеќе од 400 дела во маслена и акрилна техника на платно каде преовладуваат слики со различни тематики, со особен акцент на руралната архитектура која побудува сеќавање на едно одамна изминато време кое оставило трага во елементите на старата архитектура.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.