Хорот „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност – Скопјеимаше успешно претставување на Интернационалниот хорски форум, кој се одржа во Истанбул, Турција.
Хорот од 31. октомври до 3. ноември 2024 година настапи на два концерти, кадешто изведе дел од својот репертоар,
а учествуваше и во заедничката работа со уште 5 други хорски ансамбли, со кои настапи на завршниот концерт на форумот.
Ваквите настани се исклучително важни за промоција на македонската творечка и исполнителска хорска традиција, но не само тоа – прекуквалитетните настапи хорот го презентира и нивото на музичка едукација која може да се добие за време на студиите на Факултетот за музичка уметност Скопје.
Овој настан овозможи континуитет на настапите на хорот во странство, што обезбедува зголемен интерес кај идните млади професионални музичари за продолжување на своето усовршување во сферата на хорското музицирање.
Меѓународното претставување на хорот „Драган Шуплевски“ при ФМУ- Скопје на Интернационалниот хорски форум во Истанбул, Турција е овозможено со
поддршка на Министертвото за култура и туризам на Република С. Македонија.