„Слушни ромски“- настан по повод Светскиот ден на ромскиот јазик

По повод 5 Ноември- Светскиот ден на ромскиот јазик, на ден 04.11.2024 година од 18.30 часот во Едукативниот културен центар “Лабораториум” се одржа настан насловен „Слушни ромски“ (Šun romane).

Организатор на настанот беше Институтот за истражување и анализа на политики “Ромалитико” во рамки на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите со подршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој: во соработка со

Ромскиот културен и медија центар “Бариканипе” и Здружението на љубители на ромскиот фолклор “Романо Ило”.

На овој настан присуствуваа гости од дипломатскиот кор во нашата држава

како и наши ромски политички преставници меѓу кои беа заменик министерот во Владата на Р.С.Македонија, господинот Неждет Мустафа,

градоначалникот на општина Курто Дудуш Куцо, претседателката на Културно хуманитарен “Феникс” м-р Билјана Челик, како и бројни културно просветни работници и невладини организации.

Настанот опфати панел- дискусија на ромски јазик, овој перформанс го водеше младата креативка Џемилиана Абдулова.

За стручноста и историските факти на Ромскиот јазик говореа м-р Севдија Абдулова, м-р Васка Бајрамовска како и м-р Мирдита Салиу потоа следи перформанс од страна на Здружението Романо Ило овој перформанс беше подготвен од страна на Даниел Петровски, кој ja воодушеви публиката, исто така гостин на овој перформанс беше поетот Сафет Камбер кој настапи со своја поема.

Инаку уште на почетокот на настанот беше изложена библиотека со книги на ромски автори и издавачи, кои посетителите ги добија на подарок .

На крајот како крем на целиот настан гостите имаа прилика да ја слушнат познатата мултиинструменталистка Бајса Арифовска со други познати музичари и изведувачи.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.