Македонецот Александар Китановски, вонреден професор на Деусто Универзитет, во Билбао Шпанија, вечерва преку својот ФБ профил на социјалните мрежи објави дека ќе патува ни светот со благородна идеја и ги повика медиумите да му ја дадат својата поддршка. Меѓудругото тој напиша:
-Средината на овој месец заминувам на едно патување кое е моја дамнешна неостварена желба- тоа се Тахити (Бора Бора, и др.) и после неколку неуспешни обиди во минатото овој пат е со сигурност. Билетите се купени, сместувањата се резервирани, имам влез во Австралија, Нов Зеланд, САД, Канада. Тоа е примарна цел и така беше планирано. Е сега решив да се вратам од другата страна нешто што го одлучив подоцна и воедно ова патување ќе биде “Round the World” и ќе бидам првиот Македонец кој ова ќе го направи.
Рутата на патување би била оваа и можна е мала промена.
Професорот моментално е во Скопје каде овој пат дошол инцидентно, а се враќа и треба да тргне од Шпанија.
Ја објави и својата маршута:
Барселона- Абу Даби, Куала Лумпур
Куала Лумпур, Малезија (2 ноќи)
Куала Лумпур- Австралија (3 ноќи )
Австралија- Кукови острови, Нов Зеланд
Кукови острови – Папет, Француска Полинезија (6-7 дена)
Папет – Лос Анџелес (2 ноќи )
Лос Анџелес- Торонто (2-3 ноќи)
Торонто- Европа
Тргнувам на исток се враќам од Запад. Со тоа се завршува кругот на патувањето. Без разлика дали ќе се вратам во Скопје или Мадрид. Патувањето може да биде и поевтино и да не бидат опфатени “скапите места” и острови (како други што го правеле во минатото ) но јас тоа не го сакам како што напишав горе Француска Полинезија – Тахити ми се главна примарна дестинација, цел и желба, напишал младиот професор
И сега најглавното, кое ова патување во прави со една универзална цел:
– Пораката на ова патување е за “Мир во Светот”. Нема да има именување на држави, знамиња и слично во текстовите. Пораката ќе биде универзална. Лимитиран сум со време и патувањето би требало да трае 15-20 дена најмногу. Се надевам дека ќе ја добијам вашата поддршка на фејсбук, ќе уживате во моите фотографии, видеа и ќе се трудам оптимално да го постигнам тоа. Знаете дека не се “штедам” во ништо, порача Александар на своите блиски, пријатели и поддржувачи, и до медиумите кои треба да стават акцент на ова светско патување и мисија на младиот Македонец.
Валентина Ѓоргиевска Парго