“Нешто малку поинакво” во Синеплекс

Францускиот институт во Скопје и Скопје Сити Мол организираа ексклузивна гала филмска вечер „Најдоброто од Франција“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.
Филмот „Нешто малку поинакво“ во затворена проекција беше прикажан на 30 октомври 2024, во 20:00 часот, во киното „Синеплекс“, во Скопје Сити Мол, а од 31 октомври е на редовен репертоар до 6 ноември 2024.
Се работи ексклузивна премиера во регионот на најуспешниот филм во последните 10 години во Франција, со досега продадени над 10 милиони влезници.
Во режија на Артус, со Артус, Кловис Корнијак и Алис Белаиди во главните улоги.
Што напишаа француските медиуми за „Нешто малку поинакво“:
„Уште со својот прв филм, Артус успева да ја насмее публиката, вешто избегнувајќи ги клишеата и исмевајќи се со нашите двојни стандарди без да притоа да морализира.“ (Ел / Elle).
„Нешто малку поинакво“ воспоставува врска помеѓу „лажен инвалид“ и хендикепираните. Самиот филм е гротескен, смешен, а истовремено и многу трогателен. (Ле Паризјен / Le Parisien).
„Ликовите се симпатични. Вистинска лекција за хуманост и скромност.“ (Ле Журнал ди Диманш / Le Journal du Dimanche).
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.