Историјата и културата на Казахстан претставени преку изложбата „Великата степа:историја и култура“

Вечерва од 19 часот, во Архелошкиот музеј на Македонија ќе се отвори изложбата „Великата степа: историја и култура“ од Националниот музеј на Казахстан.

Гостувачката изложба содржи 292 ексклузивни предмети како: накит, предмети со рунски натписи, воена опрема, коњска опрема и традиционални ракотворби.

Во фокусот на изложбата е симболот на Казахстан, Златниот човек или казахстанскиот Тутанкамон, кој датира од 5. век пред нашата ера, кого научниците го идентификуваат како воин на народот Сака.

„Златниот човек е откриен во тумуларна гробница во Исик, во близина на главниот град Алмати во 1969. Неговото тело е покриено со неколку илјади златни апликации, комплет кој се состои од кошула, чизми и накит за глава. Се претпоставува дека златните обетки и прстени кои се пронајдени во гробот, исто така, му припаѓаат нему. Од прогласувањето на независноста на Казахстан во 1991, Златниот човек станува симбол на казахстанското национално богатство“. Изложбата од Националниот музеј на Казахстан во Нур-Султан е дел од проектот „Патувањето на Златниот човек во музеите ширум светот“. „Главната цел на оваа изложба е запознавање на странската публика со богатото историско и културно наследство на Казахстан“, стои во најавата за изложбата од страна на директорот на Националниот музеј, Нуразхан Алмаз Шајкенович.

Изложбата содржи 292 ексклузивни предмети како: накит, предмети со рунски натписи, воена опрема, коњска опрема и традиционални ракотворби

Изложбата ќе отворена до 11 август, а влезот ќе биде бесплатен.

Фотографиите се од каталогот и најавата на Археолошкиот музеј.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.