Денес, 2.11.2024, во 13.10 часот на Тв Сонце ќе биде емитувано најновото издание на фестивалот на шегобијни песни “Тумба фест 2024”, што се одржа на 29 август на плоштадот во Куманово.
Беа изведени 19 нови хумористични песни, и беа испеани уште три од поранешни фестивали. Се пееше на кумановски дијалект, но и на други дијалекти, годинава на: дојрански, преспански, охридски, кавадаречки, валандовски, кривопаланечки.
Фестивалот ги содржеше следниве песни:
– “Ех да можам”- Вања Најденова (Бугарија)
– “Единец”- Круме Спасовски
– “Удри бригу на весеље” – група “Династија”
– “Миро мори Мирке”- Љупчо Јовановско- Бубе
– ”Куманово ти намини”- Боге Стојановски Дилиндарац
– “После свадба тапани”- Лени Партикова
– “Неста ресенска”- Ташко Каранфиловски и ” Астра бенд”
– “К’д ќе дојдеш у Куманово”- Маргица Антевска
– “Нејќам да сум стара мома”- Елеонора Ели Божанова (Бугарија)
– “Таса Тасула”- Петар Нечовски
– “Еј кафано ти ми беше сѐ”- Благица Павловска
– “Ама памет не дојде”- Нино Величковски
– “Ај да се пресрамимо”- Ирена Спасовска и Цане Петров
– “Со душа живот украси”- Ѓоко Ѓорчев и Јованка Јо
– “Љубел Петко многу жени”- Влатко Миладиновски
– “Еј мори Јовке Кумановке”- Бранимир Стошиќ- Каце (Србија)
– “Министерка”- Катерина Брезева и “Соната”
– “Дојранска”- Љупчо Бубо Каров и “Трио Гранде плус”
Изведени беа и “Цел ноќ ти се к’лну Гинче” со дуетот Маргица Антевска и Ристо Краповски кога ги добија наградите за животно дело, како и “Ожени се сине” со Влатко Алексовски, наградена за најпопуларна песна меѓу двата фестивала.
***
Фестивалот е формиран во 1995 година, постоеше до 2000-та, потоа направи голема пауза до 2019, и оттогаш е повторно возобновен.
Годинава се одржа и како третата вечер од Кумановско културно лето, под покровителство на Градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на Општина Куманово, а во организација на Здружението “Етно Ризница”.
Директор на фестивалот е Драган Јаким.
“Тумба фест” годинава извади големи хитови, речиси сите до една, веќе беше емитуван на Балкан мјузик Тв а го има и на Јутјуб, а организаторот води и фејсбук Топ 10 листа.
Порталот за култура и уметност КулАрт беше медиумски покровител.
Валентина Ѓоргиевска Парго