Татнежот на јапонските грмотевици, Вадаико саи, во Скопје

На први ноември (2024) Македонската Филхармонија ќе ја стресе вадаико.

Јапонските тапани кој звучат како татнеж на грмотевици ќе го прослават јубилејот на 30 години дипломатски односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија.

Сценските настапи со вадаико се моќни и динамични нагласувајќи го прецизното време, координација и моќни удари и најчесто групна динамика со кореографија.

Постојат архелошки докази дека таико тапаните постоеле во Јапонија 10.000 години п.н.е. Традиционално, таико се користеле за молитви кон боговите затоа што се верувало дека тоа е единствениот звук кој боговите можат да го

слушнат. Оттаму тапаните се интегрален дел од многу јапонски духовни ритуали и фестивали. Тапаните исто така ги придружуваат традиционалните уметности како

кабуки театарот. Во последниве 30-40 години тие почесто се дел од сценските настапи.

Таико тапаните се најчесто направени од дрва како зелкова и јапонски јасен кои се користат за изработка на бејзбол палки. Процесот на изработка кој вклучува сушење на дрвото и обработка на кожата трае пет години. Еден таико тапан од 45 см во дијаметар има изненадувачки долг век, може да биде

функционален 300 години.

Во Јапонија децата имаат многу можности за да ја искусат забавата и возбудата со вадаико. Можностите се најчесто на локалните фестивали и часовите како и настапите на училишните, спортски и културни фестивали.

Вадаико уметноста продолжува да еволуира со времето и се пренесува од една на друга генерација.

На први ноември, македонската публика ќе има можност да ужива во ВАДАИКО САИ, група на млади и талентирани музичари кои се првично организирани во 2005 година како вадаико ентузијасти во рамки на универзитетски клуб. По освојувањето на неколку награди и здобивањето на популарност, тие почнуваат со професионални настапи во 2013 г. До денес, САИ бројат повеќе од 2000 настапи и од 2017 г. одржуваат концерти надвор од Јапонија во повеќе од 30 земји.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.