27.10.2024
Разни коментари може да се прочитаат на страниците на евровизиските фанови низ цела Европа откако вчера дефинитивно стана јасно дека Македонија нема да учествува на Евровизија во 2025 година.
Заклучокот е извлечен откако Македонија Националната телевизија во земјата, МРТ, го објави буџетот за 2025 година, а како што претходно објавија локалните медиуми и Eurovisionfun, не се издвојуваат средства за учество на Евровизија.
Се чини дека МРТ нема планови за враќање, а финансиските ограничувања се наведуваат како примарна причина за тековното отсуство.
Сепак, ќе продолжи со учеството на Детската Евровизија, натпревар со значително помали финансиски барања.
Македонија официјално се повлече од Евровизија 2025 година, со што ја одбележа третата последователна година отсуство од натпреварот.
Од балканските земји догодина ќе учествуваат само Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија и Црна Гора (се враќаат по двегодишна пауза). Некои од овие земји се соочуваат и со финансиски предизвици, што отвора прашања за нивното идно учество. Романија и Бугарија остануваат неизвесни.
Последниот настап на Македонија на Евровизија беше во 2022 година со Андреа и песната „Circles“, која се пласираше на 11. место во второто полуфинале и не се пласира во финале.
Ова е трета година по ред откако не се учествува, тогашната жестока реакција на народот против постапката на Андреа која го фрли на под знамето на земјата што ја претставуваше, веројатно е една од причините поради кои сѐ уште се апстинира од таа сцена.
За потсетување, Македонија учествува на Евровизија од 1998 година, односно од 1996 година.
Во 1996 Македонија за првпат зеде учество во претквалификациите со песната “Само ти” со Калиопи, но отпадна и не обезбеди свој понатамошен пат.
Поради малиот број освоени поени на таа претквалификација не учествуваше ни на Евровизија 1997.
Македонија дебитираше на Евровизија 1998 со песната “Не зори зоро” на Владо Јаневски.
Претставници:
1998 Владо Јаневски “Не зори зоро”
2000 XXL “100% те љубам”
2002 Каролина Гочева “Од нас зависи”
2004 Тоше Проески “Life”
2005 Мартин Вучиќ “Make My Day”
2006 Елена Ристеска “Нинанајна”
2007 Каролина Гочева “Мојот свет”
2008 Тамара, Адријан и Врчак “Let Me Love You”
2009 Next Time “Нешто што ќе остане”
2010 Ѓоко Танески, Били Ѕвер и Дамјан Пејчиноски “Јас ја имам силата”
2011 Влатко Илиевски “Русинка”
2012 Калиопи “Црно и бело”
2013 Есма & Лозано “Пред да се раздени”
2014 Тијана Дапчевиќ “To the sky”
2015 Даниел Кајмакоски “Autumn Leaves”
2016 Калиопи “Дона”
2017 Јана Бурческа “Dance Alone”
2018 Eye Cue “Lost and Found”
2019 Тамара Тодевска “Proud”
2020 Васил Гарванлиев “You”( за време на корона карантинот се одржа само ревијална Евровизија)
2021 Васил Гарванлиев “Here I stand”
2022 Андреа “Circles”
Најдобриот успех на Македонија беше во 2019, на кој Тамара Тодевска го освои седмото место во целокупен пласман, и прво место од гласовите на жирито.
Најслаб пласман- 18. место “Eye cue” во 2018.
***
Пред да прогласи независност во 1991, како дел од СФРЈ, Социјалистичка Република Македонија учествуваше во југословенската пред-селекција помеѓу федеративните републики во Југославија, а исто така македонски композитори пишуваа песни за кандидати од другите републики. Македонија беше единствена држава што немаше пратено претставник на Југославија на Евровизија, затоа што никогаш не победи на Југовизија.
Само Маја Оџаклиевска победи во 1979 на тогашната Југовизија, но таа не учествуваше на Евровизија 1979 поради одлуката на Југославија да не учествува таа година.
Валентина Ѓоргиевска Парго, уредничка во КулАрт