На 18 ноември- 20. “Денови на Балканската етно ризница!”

На 18 ноември 2024 година во 19.00 часот во салата на Занаетчискиот дом во Куманово, традиционално по десетти пат ќе се одржи манифестацијата “Денови на Балканската етно ризница”.

Манифестацијата традиционално се одржува во рамките на културните активности на градот Куманово по повод одбележување на денот на градот на таканаречените “Ноемвриски денови”.

Тематскиот наслов на овогодинешното издание е “Цане и пријателите”.

Ќе биде изведен целовечерен концерт на македонски народни изворни песни, на акустична гитара, аранжмански изработени од Цане Петров наш познат автор, продуцент, човек кој долги низ години работи и истражува во оваа област.

-На целовечерниот концерт ќе се појават голем број на гости, пријатели “Етно ризница”, изведувачи кои беа дел од првиот носач на звук изработен од стари изворни народни песни. Дел од нив публиката за прв пат ќе има прилика да ги слушне, бидејќи тоа се песни кои години наназад се собирани од стари песнопојци од Североисточниот регион на нашата Македонија, во чие собирање учествуваше и господин Цане Петров. Еве можност публиката која го цени историското културно наследство на нашата земја да ужива на еден по многу нешта уникатен настан, објаснува директорот Драган Јаким, директор на “Етно ризница”, организатор на овој настан.

-Повелете на 18 ноември во 19.00 часот во прекрасниот амбиент на салата на “Занаетчискиот дом” во Куманово да уживаме во дел од она кое нашите претци ни го оставиле како историско и културно наследство, им порачува на љубителите на етно мелосот.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.