Промоција на книгата ” До Хималаи – висина и страст” од Горан Дамевски

Вечерва, 24 октомври 2024 година во 19 часот во Офицерски дом- КИЦ Битола, ќе се одржи промоцијата на авантуристичкиот патепис “До Хималаи, висина и страст” од Горан Дамевски, во издание на издавачката куќа “Восток” од Битола. На промоцијата ќе претходи изложба на фотографии од авторот од планините во кои учествувал на експедиции: Од Пелистер и Шар Планина, до Олимп, Пирин, Арарат, Дамавант, Монт Блан и Хималаите.
Промотор ќе биде македонскиот писател Михајло Свидерски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.