“Дамата со камелии” од Џузепе Верди на 30 октомври во Опера и балет

 30.10.2024 – 20.00 часот

“Раскошна! Емотивна! Лирична!Драматична!”, така ја опишуваат. „Дамата со камелии” е сведоштво за моќта на љубовта, која не знае за никакви граници и која може од корен да го смени човековиот живот.

Балетска претстава „Дамата со камелии“ е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка.

Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Инфо и на www.operabalet.mk

Билети:

Билетарница: 078 426 536 ; 02 3118 451

Онлајн: https://t.ly/DamataSoKamelii

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.