СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ: Подготвуваме нов документарец за Македонија!

Со филмот “Beautiful country” или во превод “Прекрасна земја” на “Арт фестивал филм Монтреал 2024” во Канада освоија втора награда, а со истиот документарци и трето на “Арт филм фестивал Париз 2024”.

– Да се работи филм не е лесна работа, особено документарец, тука треба многу да се вложи енергија, а се соочуваме со ситуации да треба да снимаме на дожд, ветар, снег, сонце… Понекогаш ни требаат кадри од височини од многу опасни екстремни места, понекогаш и адреналин, но ние секогаш сме подготвени и чекориме смело храбро и само напред и нема назад, вака објаснува продуцентот Симе Младеновски, кој деновиве најави нов документарен филм со слична тематика.

– Со мојот тим Јоцо, Саше, Бубе, Зоран, Милчо, Сашко, Јовче, Кокан и Микица, а во режија на Зоран Стефановска, подготвуваме нов документарен филм. Тема ќе биде секојдневниот живот и убавините на Македонија и сѐ што е вредност од нашата земја. Насловот на филмот ќе го дадеме по снимањата и монтирањето, затоа што тргнавме со поопуштен концепт и ќе видиме каков материјал ќе собереме. Ќе се снима на неколку локации низ Македонија, а за да биде поописно ќе има и статисти. Филмот ќе го финансираме сами, со мала помош од дијаспората, а потоа со документарецот ќе учествуваме на неколку филмски фестивали низ светот, ни објаснува …

Младеновски досега продуцираше неколку документарци за Македонија кои освоија награди на фестивалите каде се прикажувани.

– Ние всушност сега паралелно работиме на неколку филмови со многу интересни тематики од секојдневниот живот, вистински приказни и некои луѓе го почувствувале тоа на своја кожа ни го раскажале. Се трудиме да направиме интересно сценарио, да ја прикажеме реалноста во животот и да прикажеме убава чиста фотографија. На самите снимања се соочуваме со веселења, таги, трогателни приказни, со маки, но и радости, а сето тоа е емотивно, но ние мораме да се справиме храбро. Понекогаш ни е многу тешко, а понекогаш весело, но секогаш мораме да бидеме внимателни за да направиме добар филм и сето тоа да изгледа одлично за окото на гледачот, кој е репер за квалитетот и креативноста на филмот…

Младеновски вели дека филмските фестивали се со строги критериуми и многу ригорозни во приемот.

– Таму се бара квалитет и знаење, но ние се стремиме да го сработиме тоа што се бара. Горди сме на тоа, иако се нема слух од некои институции па мораме сами. Секако за да се излезе на филмски фестивал, потребни се финансии за да се направи квалитетен филм кој ќе нѐ претставува нас и ќе може о на самата жири комисија да им остави впечаток, и да биде со највисок квалитет. Сме посетиле многу фестивали за документарци низ светот: во Америка, Канада, Белгија, Италија, Белгија, Германија, Холандија, Бразил, Перу. Но ние имаме неостварена желба за голема награда за филмовите за Македонија и се надеваме дека ќе ни се оствари сонот, искрено објаснува.

-Повеќе работиме за странство сметаме дека нашиот пазар е светот. Јас некако се пронајдов во документарците и тоа ме исполнува и ми причинува некое задоволство. Многу убаво ми е чувството кога некоја убава приказна ја претвораме во еден убав документарец, иако пак ќе кажам да се изработи еден документарец треба да се работи напорно многу бидејќи ни се случувале незгоди, паѓање во вода, по некоја исекотина, гребаница и разни незгоди. Но тоа не е важно, тоа се заборава. Квалитетем филм ни е најважното. Нѐ очекуваат многу учества на многу филмски фестивали ширум светот….

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.