Светлата и сенките на живеењето во странство

Пишува: Vitória dos Santos Acerbi

Преведувач: Viktor Jolakoski

Сте слушнале ли некогаш некој да се жали за неговото искуство на патување или престој во странство, за тоа колку ужасно се чувствувал?

Vitória Foreignness 1 illustration by Santiago

Ден 2, 09:00 – група бразилци на Whatsapp

  • Дали и некој од вас сака да се пресели или има слободна соба во неговиот стан?
  • Ах, јас не брат, извини. А зошто, што е работата?
  • Ништо. Само тоа што живеам со еден иранец. Добар е, ама готви чудни работи и има смешни навики. Морам да кажам дека сум уморен од олку мултикултурализам. Веќе сме во Германија да му се сневиди и пред да дојдам овде бев во хостел со руси и украинци, а сега би сакал да бидам со друг бразилец за да ми е полесно.

Vitória Foreignness 3 Illustration by Santiago

Ден 13, 17:00 – школскиот ходник, крај на долгиот ден на курсот

  • Здраво, Ди! Како е? Уморен, едвај чекаш да си одиш дома?
  • Дома мислиш Бразил или дома во станот после ова?
  • Ах…мислев на второто, но…
  • Всушност, двете. Едвај чекам да заврши ова. Не ве разбирам како уживате во сето ова.
  • Зошто, што ти пречи?
  • Се. Не ги познавам луѓево. Мојот стан не е мојот дом. Немам стабилна рутина. Ми треба многу време да ги најдам и да ги разберам работите во супермаркет. Се е толку…различно. Не можам да го поднесам ова.

michael-d-beckwith-575474-unsplash

Јас обожавам да патувам. Живеењето во странство за мене отсекогаш било извор на љубопитност, ми било сон и цел. Сега кога имам поживеано и во странство, морам да кажам дека го обожавам тоа, дури се осеќам и малку навлечена на тоа. И баш затоа со апсолутна зачуденост го прочитав и слушнав претходнонаведеното, без да можам ни најмалку да ги разберам или да се пронајдам со овие чувства. Заинтригирана од колегата кој ми изгледаше на вонземјанин – но, напротив испадна да е целосно човек – денес ви пишувам за подемите и падовите на патувањето и живеењето во странство во знак на емпатија.

jake-ingle-83426-unsplash

Кога си во странска земја, повторно се чувствуваш како дете. Се ти е ново и сплеткано; одиш по улица и на ништо не си рамнодушен. Како првпат да ги отвораш очите. Потребна ти е помош за најосновните работи (токму оние за кои никој се залага да ти ги објасне!), од тоа каде да го фрлиш ѓубрето, како да ги испереш алиштата, возење со јавниот превоз, до како да им се обраќаш на луѓето.

luke-ellis-craven-222982-unsplash

Вниманието ти го привлекува  однесувањето на луѓето, темите на кои што зборуваат, нивните гестикулации и изрази, на начин на кој што ретко го правиш тоа дома, едноставно бидејќи не ти се познати и не можеш одеднаш да ги разбереш. Малку работи ти се јасни и бидејќи не си споделувал слични културни искуства со тие околу тебе, имаш многу за прашување и разговарање. Покрај тоа, твоето разбирање за културата во која си пораснал достигнува сосем различно ниво. Често си се дефинираме себеси по контраст, изложувајќи се на нашите спротивности. И се што ни било нам природно е ставено на прашање, расклопено, релативизирано.

Vitória foreignness

Ова е прекрасно, умоотворачко, збогатувачко и стимулирачко. Од друга страна, пак, може да биде и премногу исцрпувачко. Стресно. Потребна е многу енергија да се биде странец кој патува или престојува, особено кога ќе стигнеш на местото. Било тоа да направиш напор само за да пренесеш одредена порака, дали едноставна и практична или субјективна и комплексна. Или да го купиш токму тоа што сакаш да го купиш, без погрешно да ги разбереш етиката или менито. Или да се запознаеш со она што е околу тебе и да користиш чудни работи. Да ја разбереш динамиката на местото, неговиот ритам и географијата и како да се снајдеш наоколу. Да дознаеш како и каде и со кого најдобро се вклопуваш и да инвестираш во креирање врски, градење на заедница и чувство на припадност. Да се соочиш со оддалеченоста од луѓето и местото кои си ги напуштил и да ти недостасуваат толку често… Ако размислуваш за тоа на овој начин, за малите фрустрации и постојаните предизвици кои произлегуваат од едноставни работи, таа состојба на отпадништво, аутсајдерство, за која треба многу време да се надмине… Одеднаш и не е чудо што мојот колега Ди се чувствуваше поплавен од искуството и копнееше за удобностите и стабилноста во неговиот дом.

Светлата и сенките, задоволството и болката на странствувањето се, како и повеќето работи во животот, поврзани личноста, искуството и личниот став на единката. Не постои апсолутнo интринзичнo задоволство во тоа. Ниту мизерија. И не треба – како што за малку ќе направев со Ди – да ги исклучиме личните чувства на луѓето, само затоа што не ги сфаќаме. Секое искуство и доживување е легитимно и има причина за да биде такво. Суштинската работа е, колку што е можно, да излеземе во светот и да испробаме се што можеме за да се осознаеме подобро, да препознаеме што ни одговара, а што не и да ги почитуваме другите.

Илустрации: Santiago S. Belmonte Calderon

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.