Саемот за пракса и вработување на Машинскиот факултет

Саемот за пракса и вработување на Машинскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје се одржува утре и задутре, 15-16.10.2024.

На Саемот учествуваат 20 компании. Повеќе информации за Саемот, компаниите, како и за Форумот: „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“ кој се одржува на 16.10.2024 со почеток во 11.00 часот.

Саем за пракса и вработување (15-16.10.2024)

Датум: 15.10.2024 година (вторник)  

Свечено отворање на Саемот: 12:00 часот

Локација: холот на Машински факултет 

– Проф. д-р Златко Петровски, Декан на Машински факултет- Скопје

– Проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска, Раководител на Центар за кариера на

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

– Проф.д-р Радмил Поленаковиќ, Раководител на Центар за кариера на Машински

факултет во Скопје

Форумот „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“

Датум: 16.10.2024 година (среда), 11:00 часот

Локација: Машински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје,

просторија 225 (2 кат),

 

1 дел: 11:00 – 12:30 часот. 

Учесници

– Г-дин Боријан Борозанов, Генерален директор на Џонсон Мети

– Г-дин Веле Самак, Директор за приходи во МИКРОСАМ

– Г-дин Орце Симов, потпретседател на Сојуз на стопански комори и извршен директор на

ИКТ комората

– Проф. д-р Валентина Гечевска, про-ректор на Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

– Проф. д-р Сања Поповска Василевска, потпретседател на Македонската асоцијација за сончева енергија „Солар Македонија“

Модератор: проф. д-р Радмил Поленаковиќ, Машински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.