ОДБЛИЗУ СО АЛЕКСАНДАР САНТОВСКИ: Моето Спејс радио Македонија десет години активно комуницира со светот!

Александар Сантовски Сантос е млад креативец од Скопје, чија континуирана посветеност одушевува, и, доколку го запознаете одблиску и се сретнете со неговите изработки и дела, ќе почнете активно да го следите во сѐ што работи.

Најпрво што би сакале да ви кажеме за него е дека деновиве прославува јубилеј од десет години на неговото Space Radio Macedonia, со прослава која деновиве ќе се одржи во Sistem Pub во Три Бисери во Аеродром.

Овој месец му е славенички затоа што е директор, уредник и водител на своја интернет станица, која за прв пат ја пушти официјално во етер на 25 октомври 2014 година, а претходно од 2011 до 2014 година одеше само тест сигнал. Страницата досега работи без прекин, се емитува во Македонија и низ целиот свет. Секојдневно на неа тече музика од сите меридијани и од сите стилови, поточно речено- на неа се слуша 24 часа македонска музика од сите стилови, во рамките на емисии кој ги подготвува од областа на македонската рок, поп, џез и смут џез музика со наслов “Музичка ризница”.

Прави духовни, но пред сѐ и забавно- контактни емисии, прави реклами за кои сам ја создава музиката и текстот, а прави и за потреби на други луѓе. Чита вести од културата, уметноста и спортот за кои врши избор од нашите интернет портали, потоа ги поставува и во пишана форма.

Ова е само кус вовед во сѐ она што работи овој млад креативец, на чие интернет радио гостувале повеќе личности од музичкиот свет, гости од еколошки друштва, разни личности од странство.

Откако направивме најава, редно е да му дадеме збор, да ни каже за себе си повеќе информации.

– Јас сум дипломиран композитор по филмска музика во ЕСРА Скопје од 2016 година, сегашна Еуропа Прима, под водство на професор Јордан Плевнеш. Додека студирав во 2011 година издадов ЦД со 19 композиции со амбиентална музика и амбиентал хаус и тогаш бев презентиран на четири телевизии А1, АБ Канал, Тв Алфа и 20 Телевизија, а во 2016 година и на во Наша Тв ви емисијата на Драгица Стевковска Дракче “Патот на Светлината”.

-Компонирам моја музика и препеви од светски хитови, свирам на гитара и клавијатури и сега посготвувам нови ЦДа.

-Мојата музика исто така тече на моето радио покрај другите, а воедно сум и мајстор за звук и сам ја вршам целокупната продукција на моите музички дела.

-Имам сопствено комплетно опремено музичко студио, во кое снимале повеќе музички групи. -На моето радио имам промовирано 700 нови бендови музички од Македонија и од светот, што е бројка со која се гордеам, ќе рече.

 

МНОГУ,  МНОГУ МУЗИКА

 

Кога станува збор за неговото CV, тоа изобилува со доста податоци. Александар Сантовски е роден во 1988 година роден во центарот на Скопје во Македонија.

-Од најмала возраст ја засакувам музиката па родителите на 8 години ме запишуваат во “Супер Ѕвезда” и таму од 1998 до 2001 година учам хорско пеење кај Ана Костова.

– Од 2001 година се запишувам во приватната школа “Узун” каде што учам да свирам акустична гитара и пеење кај Јанко Узунов и Жаклина Коловска Узунова, до 2005 година, при тоа во тие години учествував на нивните хуманитарни концерти со свирење на гитара на една до две нумери.

-Во меѓувреме завршив средно училиште во “Георги Димитров” во 2006 година. Се запишувам на универзитетот ЕСРА на отсекот за Филмска и Применета Музика, а дипломирам подоцна, во 2016 година и се добивам со вокација Композитор на филмска музика, обработка на звук како втор главен предмет.

-Во меѓувреме влегувам во старата скопска група која свири рок балади со Слободан Ивановиќ Сан, каде свирам ритам гитара и повремено и соло. Со групата во 2007 и во 2008 година имаме три целовечерни самостојни концерти во МКЦ и во ДОМ на АРМ, со наслов “Ксантика” и еден анплагт концерт, во Македонската Телевизија, и еден неодржан концерт на Скопското лето со наслов “Звуците на Чаршијата”, а снимивме и три спота кој се вртеа на МРТВ, Сител и Скај Нет телевизија која работеше до 2012, а и на К-15 Телевизија, која работеше до 2013 година, на познатите хумористи Љупчо Бубо Каров- Цацко, Васко Тодоров-Тошо Малерот и Бранко Огњановски-Миле Паника. Сите овие снимки сѐ уште се пуштаат на главниот телевизиски сервис МТВ1.

– Во “Рок енциклопедијата” на Тошо Филиповски во првата книга под буквата “У” ставени сме како рок група “Уста на Уста”, во која јас фигурирам како најмлад член во старата 30-годишна група во кој свирам на акустична гитара четири години. Во 2009 година со групата учествуваме на утринска програма “Утринско будење” со Виктор Петров- Викса на Наша ТВ. А во 2007 година во МКЦ- Младински културен Центар бев на аудиција направена од “К-15” каде пеев песна од Тоше Проески и свирев на гитара. Се бараше вокал и гитарист за бендот “Дуо Трио” на К-15, заедно со Трајко Каров братот на Бубо Каров.

-Од 2011 година, за време на студиите компонирам амбиентална музика и создавам двојно ЦД со 19 композиции, на кое што има и препеви од познати светски нумери. Цедето го промовирам, на ЕСРА на 08.06.2011 година и тогаш ме интервјуираат три телевизиски куќи-А1, АБ канал и Алфа телевизија кои прават свои приилози за емисијата “Ексклузив” со Ненад Ѓеоргиевски на А1, “Клуб ин” на АБ Телевизија и во Утринската програма на Алфа телевизија, каде се емитува мое интервју со Ивана Илиевска за промоцијата на ЦД то.

-На АБ Канал исто така во “Клуб ин” имам остварено интервју со Мелита Ракичевиќ и со Елена и Ана.

-На ЕСРА научив да свирам пијано кај моите професори Дарко Мариновски и Александар Трајковски и тоа продолжив да го усовршувам во моето музичко студиио “Сантос”. Продолжив да се усовршувам и со свирење на гитарите- акустична и електрична, и со пеење, така што низ целиот период до 2019 година создавам огромен број на нови композиции од Ambiental house music, Smooth Jazz, House Jazz и македонска изворна музика со хаус, кои се работат уште и чекаат да бидат довршени и промовирани.

– Имам околу 500 композиции.

– Во однос на пеењето да додадам дека одев на часови по пеење и кај Андријана Јаневска на почетокот на студиите.

– Инаку бидејќи на ЕСРА изучував и продуцирање на музички дела, а низ годините до сега во моето студио го доусовршував мојот вистински начин на продуцирање, можам а кажам дека сега сум комплетен автор на сѐ она што го создавам.

– Во октомври 2016 година се слушна и мојата амбиентална музика со наслов Moment Spent With You за документарниот филм “Зошто да ја кажам Вистината” емитувано во емисијата “Трета Смена” на Сузана Турунџиева во Наша Тв.

– Меѓу 2012 и 2015 година соработувам со колешката од ЕСРА која тогаш живееше во Детроит- САД и таму доврши режија, Марија Макеска. Таа сними краткометражен филм со наслов Dear Alexander (40 мин.), на ко кој јас продолжувам да работам на звукот (sound engeneering) и во 2015 година филмот е примен на фестивалот “Браќа Манаки” во Битола и таму е прикажан, ни е прикажан и во Скопје во МКЦ на CINEDAYS. Со неа работам на sound engenerring и на два документарни филмови за Детроит, и имам направено две реклами со искористена моја музика од двојното ЦД кој одеа на нивната телевизија, во Детроит.

– Во 2016 година соработувам и со Илија Димовски, хармоникаш и фолклорист и настапувам и со хармоникашот Влатко Џепиќ на Наша ТВ во емисијата кај Драгица Стевковска, утринска програма “Патот на Светлината” каде ги следам на акустична гитара…

 

МАКЕДОНСКОТО ДЕЛ ОД СВЕТСКОТО, СВЕТСКОТО ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИОТ ЕТЕР

 

Прочитавме доста реализирани амбиции на овој наш креативец, но ќе се задржиме на најкатуелното- неговото радио, на кое се емитува многу домашна и по нешто странска музика.

-Јас имам отворено мое 24 часовно интернет радио во 2013 година наречено “Space Radio Macedonia- Skopje”. На радиото ги одбирам и ги пуштам сите музички жанрови, правам емисии за музичка едукација, интервјуа разни, емисии од духовната сфера и од културата, музиката и спортот,а и итерактивни емисии. На моето радио имам промовирано 700 артисти од Македонија и од светот и имам соработка и вршам преноси на секоја недела на шоуто на Стефани Селс и Џими Кинг од Лондон за Смут Џез и пренос секоја година во Март од концертите Java Jazz Festival од Индонезија.

Space Radio-Macedonia-Skopje беше спонзор на настан во 2014 организиран од Жаклина Димовска наречен “Хуман Свет”, каде свои цртежи изложи и господин Живко Поповски Цветин.

Во 2021 година na телевизијата ТВ Сонце на Џорџ Атанасовски во Скопје Македонија дадени од моја страна од првото мое самостојно двојно ЦД со 19 композиции на амбиентал и амбиентал хаус музика со наслов Atmosphere- во емисијата “Јади бурек” на Јанко Илковски за наградна игра по повод Фудбалско Европско Првенство каде прв пат во историјата настапи Македонија. Цедињтаа беа доделени на гледачи кој се јавуваа кај Јанко заедно со други подароци.

Во 2023 имам направено музика за хаику поезија од Лилјана Стефановска Ел Арејси, и како видео го имам монтирано со музика и слика со наслов “Убавините на Македонија”. Едното видео е верзија на македонски јазик, а другото е со превод на арапски јазик и е прикажувано во блиско источните земји. Добивме големи пофалби за музиката, поезијата и целосно за приказот на Македонија.

Од 2019 година со почетокот на пандемијата го затворам своето студио за надворешни лица, и почнувам да ја остварувам својата идеја за препејување на сите познати божиќни и новогодишни песни и композиции, од најпознатите странски автори.

Проектот поради својата обемност трае подолго, и сега доага до финишот- јас пеам на англиски на шпански и на- македонски јазик во превод, свирам на акустична и електрична гитара, на пијано- клавијатура, и сите други инструменти 30, а некаде и 40 инструменти свирени на пијано само со многу видови на инструменти преку пијаното кој ги има, сето тоа е во сопствен аранжман и сопствена продукција на компјутери, во сопственото студио Сантос.

Во моментов сите композиции се завршени тоа се вкупно 25 композиции во сопствена музичка изведба, и исто 25 композиции со пеење и сопствена музичка изведба со многу иструменти. Во фаза сум на финализирање на продукцијата и следи издавање на ЦД-а и промоција, ни раскажа уникатниот творец.

Радиото слави десет години постоење, има своја верна публика, а доколку сакате да ги следите и слушате ова се линковите:

Официјалната страница: https://asantovski.wixsite.com/space-radio

Фејсбук фан пејџ страници:

https://www.facebook.com/spaceradiomacedoniaskopje

https://www.facebook.com/asantovski

Радиото се отвора и на мобилен телефон и на десктоп компјутер.

Финансиите нема да ги споменеме бидејќи верувале или не, Александар сето тоа го прави од чиста љубов и посветеност.

Честитки за јубилејот и плодна работа и понатаму.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.