На 18. октомври-Прво одбележување на Светскиот ден на поправки во Скопје!

АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, ќе го одбележи првото одбележување на Светскиот ден на поправки во Скопје! Настанот ќе се одржи на 18 октомври (11.00) и ќе го најави отворањето на првиот Центар за поправки, кој ќе биде достапен за јавноста од јануари. Локација: Ѓорѓи Сугаре 14, Општина Кисела Вода,(веднаш до училиштето Невена Георгиева Дуња- Месна заедница 11 Октомври- ЗГРАДИ).

Поправките играат важна улога во зачувувањето на ресурсите и намалувањето на отпадот, што придонесува кон заштита на животната средина и одржливост. Овој настан има за цел да ја подигне свеста и да ги поттикне граѓаните да станат дел од оваа значајна иницијатива.

На настанот, ќе се обрати Ирина Јаневска (АРНО), која ќе зборува за важноста на Центарот за поправки, додека Антонио Даниловски (АРНО) ќе ги претстави активностите што ќе следат во Центарот, како и двата повика за јавноста- за мајстори и за донации на играчки. Градоначалникот на Кисела Вода, г. Орце Ѓорѓиевски, ќе ја истакне поддршката на општината за проектот. По прес-конференцијата, ќе следат работилници за поправки со средношколци од СУГС „Георги Димитров“, кои ќе работат на реупотреба на производи и поправка на играчки. Поправените играчки ќе бидат донирани на деца од семејства со помалку можности.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.