Рачната изработка е во подем и бројот на современи креативци, кои создаваат уникатни производи се повеќе се зголемува. Деликатно направениот избор на модерни ракотворци е со единствена цел да се поддржи занаетчиството на оригинални производи. Во секој рачно создаден производ, компримиран е креативниот труд на овие уметници, посебно љубовта, која се рефлектира во секој детал од нивната работа.
На четиридневниот базар ќе земат учество брендови, кои нудат широка палета производи, уметници, кои не се плашат да експериментираат и храбро да концепираат и компонираат иновативен накит од керамика и рачно плетен накит од не’рѓосувачки челик и кожа. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ и елегантен. Преку овие дела, уметниците ги раскажуваат своите приказни, на концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На базарот, голем дел од уметниците ќе се претстават и со аксесоари изработени од кожа, керамички дизајни, восочни фигури, рачни везови, производи од природна мерино волна, маици со оригинални принтови, воздушни билки, украси од дрво, рачно изработени ранци и чанти, аксесоари за миленици, плетни играчки…
На базарот, на приземјето од Скопје Сити Мол ќе се претстават: СЛОГА – маици, торби и рачно изработени беџови; Solar Creations – рачно плетен накит од не’рѓосувачки челик и кожа; Woolloow – производи изработени од природна мерино волна со техника филцање; МАМКА – накит и модни додатоци; Ваша мала башта – маримо топчиња, воздушни билки и рамки од стабилизирана смола; Half Moon Crafts – свеќници, обележувачи за книги, декоративни садови за накит, картички, коверти и конфети од садлива хартија; Filigree LARGO – рачно изработен сребрен накит во традиционална филигранска техника, но со сосема нетрадиционален дизајн; StitchMe Embroidery – рачно везени производи, беџови, привезоци, магнети, честитки, текстилни производи со вез; Pika.Jesmonite – домашна декорација, свеќи и вазни; IGNIS Creative – рачно изработени восочни фигури, уникатни свеќи од соин восок; Кожарска работилница Хорват – рачна изработка на производи од природна кожа; Monkdolls – рачно изработени украси од дрво; АКРЕА – уникатни дизајни на тоте торби, маици, беџови, подметнувачи и несесери; Ателје Сиена – уникатен, рачно изработен накит, насликан на дрво и залеан со епоксидна смола, и рачно изработен накит од сребро и филигран; SIEC / RED – чанти, ранци, престилки, аксесоари; Арт Студио Плени – рачно изработен накит; Пекара Ваташа – слатки и колачи; Шарено ќоше – рачно насликана керамика и уникатни персонализирани дизајни; Добро ми стои – рачно изработен накит од сребро; Wanderlust – смели керамички дизајни; Елена Ристовска – накит од месинг, алпака и сребро; Small piece of joy – свилени марами, накит керамика и кожа; Crochet by Fosi – плетени играчки и чанти; Глигор Кузмановски – накит од хартија и дрво; Unique corner – рачно изработени чанти; NallaThePittie Shop – аксесоари за миленици – бандани, машни за околувратник, адресари; Marcy’s handmade – рачно изработен накит и Coral Jewelry – уникатен бренд на персонализиран накит од чисто сребро 925.