Јубилеен концерт по повод 20 години на македонската сцена подготвува познатата фолк и поп пејачка Лени Партикова, со наслов “Корените македонски да не се заборават”, кој ќе се одржи на 03.11.2024 година од 19 часот во Националната Опера и Балет.
– Ви ветуваме убаво расположение со најубавите македонски народни и мои авторски песни, како и песни од моите драги колеги врвни изведувачи кои ќе бидат дел од овој концерт- Наум Петрески, Владимир Поповски, Огнен Здравковски, Анастасија Петреска, Робертино и Наташа Стефановски, Гоце Димовски, “Синтезис” Стефан Котески, Даниел Несторовски, најавува Партикова.
За музичкиот дел ќе се погрижат веќе докажаните група “Молика”, а прекрасните играорци од Куд “Шара” Тетово и Играорното Друштво “7/8” од Ѓорче Петров Скопје ќе заиграат играливи македонски ора.
А низ концертот ќе нѐ водат Трајче Толевски и Милена Илиевска. Медиумска куќа Балкан Мјуџик ТВ и Дејан Горгиев се задолжени за тв реализација, додека за концертна организација и реализација задолжен е Жарко Ѓоргески.
Билети во Скопје ТОБАКО ЈО-АН Ангел Динев бр.1 до Кино Влае
ТОБАКО САДЕ- С Кај билетарата во Карпош
ТОБАКО САДЕ- С во Дебар маало спроти ресторан “Наџак”
ТОБАКО САДЕ- С во Центар спроти Рамстор
ГРАНД ТОБАКО Тетово кај Славчо
ТОБАКО САДЕ- С.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.