6.10.2024
Екипата на НУ. Народен театар Битола за време на своето гостување во Полска, беше пречеканa од македонскиот амбасадор во Полска г-дин. Јасмин Ќахил. Во една пријатна атмосфера се разговараше за соработката помеѓу двете држави на културно поле, како и за тоа дека овие гостувања придонесуваат кон истата.
Имено претставата “Хамлет- денот на убиствата” од Бернар Мари Колтес во режија на Марјан Неќак, ќе се прикаже вечер на Интернационалниот Фестивал “Direction east” во Бјалисток.
Во претставата играат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска.
Марјан Неќак е и автор на музиката, па така во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; како и стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак.Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски. Суфлер: Мирјана Христовска, инспициент: Димитар Михајловски.
Дизајнер на видео: Сашо Илковски, светло-мајстор-Горан Петровски, тон-мајстор- Александар Димовски, автори на плакатот- Марјан Некаќ и Сашо Илковски, консултант за билијард: Игор Радичоски.
Фестивалот во Полска „Direction east“ ќе трае до 07.10.