Креарт Мрежа на градови за уметничко творештво
Креарт е мрежа на европски градови со средна големина, предводена од Ваљадолид (Шпанија), која функционира од 2012 година. Целта на мрежата е да ја поттикне креативноста и да го максимизира економскиот, социјалниот и културниот придонес на визуелните уметности во
локалните заедници, преку соработка во постојаната програма за европска размена на нови креатори.
Град Скопје е клучен учесник во меѓународниот проект Креарт 3 (Мрежа на градови за уметничко творештво), кој обединува 13 европски градови и различни јавни и приватни културни институции.
Партнери
Млада Уметност
Датум: 30.09.2024
Локација: Галерија 2,
Програма:
14:00 – 16:00
Проф. Денис Тенев и ученици од ДСУЛУД Лазар Личеноски – Создавање инспирирано од музика.
16:00 – 20:00
Ученици од ПСУ Алгоритам, Скопје – Музички сетови, сликање и изработка на скулптури оделектронски отпад.
Стол за тетовирање во живо со Петар Миљковиќ и Симона Новаковиќ.
18:00 – 20:00
Даниел Ристески и Јордан Петрушевски на пијано.
Изложба на ликовни уметници: Срџан Миќиќ, Игор Станоески, Стефан Анчевски, Ивана Самандова, Владимир Илиевски и Енсар Фета.
20:00
Делата од двете училишта поставени во Галерија 2, МКЦ.
22:00
Затворање на изложбата.
20:00 – 00:00
Ретро журка со бендот „Страна Б“.
Влез слободен!
Партнери на Креарт 3
Шпанија: Ваљадолид (Fundación Municipal de Cultura) – Лидер на проектот
Португалија: Авеиро (Општина)
Полска: Лублин (Општина)
Хрватска: HDLU-Загреб (Хрватско друштво на ликовни уметници)
С. Македонија: Скопје (Општина)
Литванија: Арткомас-Каунас (културна институција финансирана од општината)
Франција: Руан и Клермон-Феран (општини)
Италија: Венеција (Општина)
Латвија: Лиепаја (Градски совет)
Чешка: Budweis 2028- Ческе Будејовице (Јавна организација)
Финска: Оулу (Општина)
Германија: Регенсбург (Општина)
Поврзани партнери
Atelierhaus Salzamt (Линц)
Bluecoat (Ливерпул)
Хафенкомбинат (Лајпциг)
Оваа соработка ја подобрува културната размена и го поддржува развојот на уметнички иницијативи низ Европа, збогатувајќи го креативниот пејзаж на учесничките градови.