Почетна Литература Licentia poetica “Македонските звуци” на Весна Стојкоска од Белград

“Македонските звуци” на Весна Стојкоска од Белград

Поетесата Весна Стојкоска е родена на 17.06.1965 година во Прилеп.
Од својата 16-та година живее во Белград, каде завршува средно училиште и Сообраќаен факултет.
До сега има објавено на две книги поезија на српски јазик “Застој” и “Пресабирање”.
Прв пат се појавува на меѓународна поетска манифестација во Суботица каде ја освои наградата “Плава повеља”.
За песната “Дојди во мојата Македонија” го освои “Златното перо”.
Во Битола во 2023 година за песната “Бигорски манастир” го освојува третото место.
Во 2023 и 2024 година со песните за деца се најде во Зборникот преведен на босански јазик кој им се доделува на најдобрите ученици.
Ова година на “Охридски поетски бисери 2024” со песната “Бурно езеро” го освои второто место.
Застапена е во повеќе Зборници низ целиот свет, а некои нејзини песни се преведени на неколку јазици.
Пишува поезија за возрасни, песни за деца и хаику поезија.
Во подготовка е првата нејзина книга на македонски јазик.
Весна се занимава исто и со препев од српски на македонски јазик и обратно.
Мајка е на еден млад поет, што ѝ причинува среќа и гордост.
Живее и твори во Белград, Србија.
Ни подарува неколку свои творби.

МАКЕДОНСКИ ЗВУЦИ

Гајдата е кралица
на македонската музика.
Секоја вечер си седам
до прозорецот
замислена.
Не трепнувам со очите,
како да ги слушам
долненските гајдаџии
како свират.
Кавалот на гајдата
му го даваат ритмот.
Кожата на рацете ми се
наежи.
Празни бачила и урнати,
од убавото Поречие.
Сон или сенка пред
очиве
момчиња и
девојчиња
облечени во народна
носија
танец играт.
Тапанот без него не
може,
македонската музика
ме потсетува на моите
корени, на моето огниште.
Со македонските звуци
заспивам
и се будам в туѓина.

МАНАСТИР ЗРЗЕ

Оддалеку едвај го видов
светилиштето кое ѕирка
од планискиот венец
Даутица.
Планискиот воздух
и мирисот на билките
ми ја смируват напнатоста.
Светилиштето е посветено
на апостолите Петар и Павле.
Поранив…
Стојам со скрстени раце
пред дрвената порта,
не знам од кој век е?
Ја разгледувам
мојата татковина.
Прекрасна е
без големи тополи
и без бели стада.
Во рамнината
стари мајки седат
покрај трошен дом.
Со лесен чекор,
помладиот монах
застана и ме праша:
“Со кое добро- ти така рано”.
Маката ме тера!…
Некогаш тревата
мирисаше на жештина
и избираше вода од каменот,
ја гасневне жедта.
Ја помилував секоја икона
и отидов на богослужбата.
Монахот
и понатаму ќе го чува
мојот храм.
Спокојна и горда
го напуштив родниот крај.

НАДЕЖТА ЦВЕТА

Цвета Надежта како пролет.
Не сум како полумесечина.
Рацете не ми се тресат
кога вечерва ти пишувам
љубовен стих.
Само душава копнее по
тебе.
Дали претчувсвуваш.
Сите бои ми се измешани
на сликите што ми стојат
на ѕидов.
Не стојам на брегот од
насталгијата.
Не дува повеќе ветерот
во моите гради.
Надежда цвета помеѓу мене
и тебе.
Ти само молчи и летај
кај мене.

КОПНЕЖ

Копнеам
за моето убаво Поречие
за здравиот живот
и чистиот воздух.
На сламарица спиевме
наредени како јагниња.
Преку денот бев облечена
како принцеза со руси коси.
Убав беше пејсажот
од планината
и папратот мирисаше.
Треска тивко жубореше
и иташе кај Вардар.
На бреговите од реката
во пролет беа расцутени
липите.
Очите ми солзат…
Само во приказна
искаено
остана убавото Поречие.
Некаде далеку
луѓето нов живот започна.
Домовите остана празни
а сламариците
гниат под стреите.
Нема повеќе
кој таму да спие.
како заспаната пеперутка.

ВАРДАРСКА ВРБА

Осамена стои на брегот
и надвила танки гранки,
над коритото од реката
Вардар.
Сал цутот се гледа,
плаче како дете,
тажна и осамена
ги слушате песните
кои одекнуваат по калето.
Само во песните
не ни го сменија името
на татковина.
Таму на југ Македонците
туѓ јазик зборат,
јазикот кој плаче за родот свој.
Со денови го нема
сонцето од Егејот
да не стопли.
Господ се лути како ние,
едно парче на Балканот
земја имаме
и се вика Македонија.
Ветровите од Пирин маваат
знамето ни го туркаат.
Чујте душмани.
Гоце аманет ни остави:
“Живот давајте го,
Македонија никогаш!”
Вардарската врба го гледа,
тешкиот живот Македонски
“Ќе ве болат раните
од сите страни!”
– рече Питу Гули.

БУРНО ЕЗЕРО

Што може да биде поубаво
од бурното Охридското
езеро?
Ги затворив очите,
мојот ум одлета кај тебе.
Бурно е и моето срце
сака да си тука
и да ти даде сѐ:
Моето бело лице, моето тело
да го спојам
со твоето
и да ги осетам усните твои.
Ги отворив очите и сватив
дека летам по
бурното езеро
до Билјанините извори.
Со затворени очи
се чувствувам во твоите
раце.
Дишам за тебе а ти си
далеку.
Ми недостигаш,
брановите ме расположија
со нивната уметност.
Те чекам
да се појавиш со кајчето.
Како ваакум те држам
во моите мисли
крај бурното езеро.

metropolis-big