Чарлс Лудвиг Доџсон (27 јануари 1832 -14 јануари 1898), попознат под псевдонимот Луис Карол, англиски писател, математичар, логичар, англикански ѓакон и фотограф. Неговите најпознати дела се „ Алиса во Земјата на чудата“ и неговото продолжение „Низ огледалото“, како и поемите „Ловењето на Снарк“ и „Џабервоки“ кои денес се сметаат за едни од најдобрите примери на нонсенс литературата. Карол е познат по неговите игри со зборови и по бујната фантазија на што и се должи неговата светска популарност.
Токму на 4 јули 1862 година почнува да ја раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во „Алиса во Земјата на Чудата“. Точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка, која е актуелна и ден денеска ширум светот.