Филхармонија објави чии дела се откупени со конкурсот на Министерство

24.09.2024

На својата ФБ страница Филхармонија објави кои дела се откупени за оваа година, од нивни млади автори и музичари .
-Делата на композиторите Борис Светиев, Ана Пандевска и Филип Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Македонската филхармонија во мај, оваа година.
Комисијата составена од македонски композитори, музиколози, домашни и странски диригенти ги награди симфониските дела „Јубилејна фантазија“ на композиторот Борис Светиев, „Куклици“ на Ана Пандевска и „Итар Пејо“ од Филип Иванов.
Делата на Светиев, Пандевска и Иванов ќе бидат изведени до крајот на годината, во јубилејната концертна сезона на Македонската филхармонија во која институцијата ќе прослави осумдесет години од формирањето.
Конкурсот беше инициран како дел од активностите по повод прославата на осумдесетгодишнината на Филхармонија со цел да се поттикнат и мотивираат домашните автори да напишат нови симфониски дела кои својата праизведба ќе ја доживеат во јубилејната сезона 2024/2025, насловена „Одисеја“. Делата кои премиерно ќе прозвучат во роденденската сезона, ќе бидат изведувани и на концертите на Македонска филхармонија во странство со цел да се промовира домашното творештво надвор од нашата земја.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.