24.09.2024
Поранешниот тапанар на славната шведска група „АББА“, Роџер Палм, почина во саботата
на 75-годишна возраст, пишува „Афтонбладет“.
Тој страдаше од Алцхајмерова болест.
Палм го опишуваат како скромна семејна личност секогаш тука за своето семејство и пријателите.
Роден е во 1949 година. Свиреше во бендовите „Гимикс, „Битмејкерс“, „Мунлајтерс“, но стана најпознат поради тоа што беше тапанар на „АББА“.
Тој е првиот тапанар на АББА кој како музичар се појави на нивниот албум снимен во август 1972 година и на песните Mamma Mia, Dancing Queen, Thank You For The Music, Take A Chance On Me.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.