Одржано 2. издание на спортско-рекреативната манифестација “Сите уф Серменин”

23.09.2024

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беше дел од 2. издание на спортско- рекреативната манифестација „Сите уф Серменин 2024 година“. Го изрази своето задоволство од одличната организација на настанот, којшто овозможи дружење и забава на сите присутни.
Имено, во организација на Здружението на граѓани „Гевгелија Точак Клуб“ и годинава низ планинското село Серменин се реализираа велосипедски тури, на коишто учестуваа 150 велосипедисти од цела Македонија. За сите беше обезбеден и ручек, а настанот беше збогатен и со турнири во шах и табла, играње карти, џамлии и пинг-понг. Спортско-рекреативната манифестација „Сите уф Серменин 2024“ е поддржана преку Програмата на Општина Гевгелија за финансирање на спорските активности за 2024 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.